• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

По 45 години заедно: Сопругата на Оливер Драгојевиќ со емотивна порака се збогува со непреболениот пејач

7 август 2018, 10:00
  • cподели

Хрватска и целиот Балкан сè уште тагуваат по Оливер Драгојевиќ. Сопругата на хрватскиот музичар, кој пред десетина дена ја изгуби битката со ракот, преку емотивна порака се збогуваше со саканиот со кого помина 45 години од својот живот.

„Ти секогаш ќе бидеш капетан на нашиот брод и ќе нè возиш каде што треба и каде што ќе ни биде добро. Ќе нè чуваш како и досега, а ние ќе го пратиме твојот траг во бескрајот“ – пишува Весна Драгојевиќ.

Оливер и Весна Драгојевиќ

Таа не пропушти и да им се заблагодари на сите за величественото испраќање на легендарниот пејач кон неговото вечно почивалиште.

Прочитајте ја нејзината целосна порака:

Најдраг мој! Знаеш дека за збогување никогаш не ги наоѓав вистинските зборови. Кога ни рекоа да се збогуваме со тебе, не знаев како се прави тоа, ниту што да кажам. Ти спиеше со денови, можеби не нè ни слушна. Знаеш дека бевме покрај тебе и можеби тоа беше доволно. Беше недела наутро, донесете му облека...

Која? Можеби онаа од последниот концерт во Арената, знаеш она одело кое го купивме во Австрија. Но, тоа сигурно не ти беше важно и тоа е првиот пат да не те прашам што ќе облечеш. По една година соочување со реалноста. Шок. И покрај тоа што ја знаевме ситуацијата.

Што сега, каде, како? Сите ни помогнаа. Ти три дена беше она што никогаш не сакаше да бидеш – важен, почитуван, сакан од сите познати и непознати луѓе. Јас знам што би ти рекла на тоа, па ми е срам да повторувам, но морам да ти кажам дека сè се случи спонтано, без притисок. Ние дома знаевме дека луѓето те сакаат, но бевме шокирани од количината на емоции кои ги доживеавме. Имаше, Оле, три погреби во два дена.

Едвај преживеавме, но бевме горди на сите случувања поврзани со тебе. Како што рече Џибони, ова море е само за тебе и тој ден и беше. Знаеш дека сме добро. За некој ден ќе се роди Марко, твојот шести внук кој никогаш нема да го видиш, но знаеше дека доаѓа.

Сите тие се многу мали за да сфатат што се случува. Малиот Тони ме праша: 'Бабо, зошто се сите овие свеќи пред нашата куќа?' Му реков дека луѓето ги оставаат бидејќи почина дедо. Знаеш што ми рече: 'зошто ги има толку многу'. Гледаш, за него и за сите нас ти беше само дедо и сигурна сум дека и ти би му го кажал тоа, а и така те доживувавме.

Добивме стотици, можеби и илјадници пораки за сочувство од твоите пријатели и колеги и непознати луѓе. Стотина бродови те испратија и сигурна сум дека ти би рекол: вие сите сте полуделе, како јас да сум некоја фаца, јас го правев само она што го сакам. Можеби и затоа имаше такво испраќање, бидејќи никогаш не се туркаше во првиот ред. Знаеш дека живеевме како целиот нормален свет, се дружевме со луѓе, а не со титули. Луѓето тоа го препознаваат и затоа те сакаат. За песните нема ни да зборувам, бидејќи никогаш не ни зборувавме. Ти беше наш маж, татко и дедо. Немој да се лутиш што те сакаа толку многу луѓе, а ти можеби и не ни знаеше а тоа.

Морав да го напишам ова поради сите оние кои те испратија, бидејќи не можам да им се заблагодарам на сите поединечно за ова што го приредија. Сакам да знаеш колку многу љубов имаше за тебе, која не може со ништо да се измери. Затоа уште еднаш ви благодарам на сите, тоа е сè што можам да речам, бидејќи не постојат вистински зборови. Ти знаеш колку те сакаме. Не ги слушавме баш многу твоите песни, но можеби сега ќе го правиме тоа, бидејќи што и да отвориме, ни се наметнуваат самите. Не грижи се за нас, знаеш колку се сакаме и тоа ти беше најголемата среќа во животот. Ти секогаш ќе бидеш капетан на нашиот брод и ќе нè возиш каде што треба и каде што ќе ни биде добро. Ќе нè чуваш како и досега, а ние ќе го пратиме твојот траг во бескрајот. Твојата Весна.

Весна и Оливер стапија во брак во 1974 година. Тие заедно имаат три сина.

Оливер и Весна Драгојевиќ

A post shared by Ivana Roo (@ivanaroo) on May 2, 2015 at 4:45am PDT

A post shared by Marko Dragoslavic(@marko.dragoslavic) on Aug 1, 2018 at 4:56am PDT

Tags
Оливер Драгојевиќ

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.