По 3 неуспешни ин витра и 3 операции поради ендометриоза, жена доби бебенце благодарение на болница „Плодност“
Март, месецот посветен на подигнување на свеста за ендометриозата, ни носи една вистинска приказна за надежта и истрајноста. По повеќе исцрпувачки операции поради ендометриоза и неуспешни ин витро обиди, една храбра радовишанка конечно го оствари својот животен сон.
Благодарение на стручноста и посветеноста на Прим. д-р Таше Трпчевски и тимот на Болница „Плодност“, нејзината долгогодишна битка за потомство доби среќен крај, а таа денес во своите прегратки ја држи најголемата радост.
Првото ин витро во битолската болница било успешно, а од тимот соопштија:
Честитки до пациентка која по повеќе неуспешни ин витро обиди на друго место и три операции поради ендометриоза, денес ја прегрнува својата најголема радост здраво машко новороденче, со тежина 2650 г и должина 47 см.
„Да не бевте вие, ќе останевме разочарани и без решение. Ви благодариме за сè“ - рече нашата пациентка
Да ви е здраво и живо синчето.
Мајката на бебенцето испрати порака до доктор Трпчевски, во која стои:
Бев ваша ИВФ пациентка, прво успешно кај вас. А зад себе имам други 3 неуспешни ин витра и 3 операции од ендометриоза. Бременоста ми помина во најдобар ред, без никакви проблеми. Фала ми на Бог, вчера на свет ни дојде нашиот син, нашата прва среќа.
Се породив во 37+6 недела, царски рез, бебе тешко 2650 г., 47 см. Супер сме двајцата.
Сакаме да изразиме голема благодарност до вас и до целиот ваш тим на „Плодност“. Да не бевте вие, уште ќе бевме разочаран пар без решение. Фала што постоите и да ви е АЛАЛ.
Ендометриоза е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката (cavum uteri) и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата.
Кај ендометриоза, ендометријалните клетки трансплантирани на другите органи реагираат на истиот начин како ендометриумот – растат и крварат под влијание на хормоните, но крвта не може да го напушти телото. Тоа води до инфламација и формирање на цисти и лузни на околното ткиво.