• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

По 10 години борба со неплодност и 5 неуспешни ин витро обиди, 38-годишна жена забремени со тројка во „Плодност“

1 јули 2026, 11:17
  • cподели

Надежта последна умира, а чуда се случуваат кога најмалку очекуваме.

По цели 10 години борба со неплодност, пет неуспешни ин витро обиди и многу поминати лавиринти, 38-годишна жена конечно ја доби најубавата вест во својот живот и тоа во трикратна доза.

Тимот на болница „Плодност“ со гордост сподели дека пациентката забремени со тројка по направеното шесто ин витро во животот.

Потешкотиите со зачнувањето брачниот пар ги имал поради тежок машки фактор.

Со цел да се заштити здравјето на мајката и да се осигура успешен крај на бременоста, докторите ја советуваа трудницата да направи редуцирање на едниот ембрион и да продолжи со близначка бременост.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HOSPITAL PLODNOST (@plodnost)

ПО 10 ГОДИНИ БОРБА И 5 НЕУСПЕШНИ ИВФ ОБИДИ ТРОЈНО БИНГО ВО ПЛОДНОСТ! 

По десет години борба со неплодност, 38-годишна пациентка денес ја доживеа најубавата вест, тројна бременост со уредна срцева акција кај сите три ембриони.

Причината за неплодноста беше тежок машки фактор. Пред да дојде во Болница Плодност, пациентката имаше три неуспешни ИВФ обиди во Германија. Следуваа уште два обиди во Плодност, при кои ембрионите беа хромозомски абнормални и не беше направен ембриотрансфер.

Но, тимот не се откажа.

Во шестиот ИВФ обид беа добиени три висококвалитетни ембриони, кои беа вратени, а резултатот беше тројна бременост.

Ултразвучниот преглед потврди три одделни гестациски вреќички и три уредни срцеви акции. 

Поради ризиците што ги носи тројната бременост, по детална консултација со пациентката и во согласност со современите медицински препораки, беше донесена одлука за ембриоредукција со цел да се зголеми можноста за успешен исход на бременоста.

На идните родители им посакуваме мирна и уредна бременост.

Tags
Болница Плодност

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.