• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Плус и минус сме, но имаме голем компромис“: Како зборуваа Андреј и Панчо еден за друг во нивното последно интервју

14 октомври 2026, 13:20
  • cподели
Андреј и Панчо од ДНК

Пред точно една година, македонската јавност со огромна тага ја прими веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо, кој со месеци се лекуваше од последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Неговата смрт дојде седум месеци по загинувањето на неговиот долгогодишен соработник и близок пријател Андреј Ѓорѓиески. Македонската музичка сцена остана без двајца музичари кои повеќе од две децении заедно создаваа, настапуваа и оставаа трага во животите на многу генерации.

Само неколку недели пред кобната ноќ во Кочани, Андреј и Панчо гостуваа во подкастот на Стефан Лазаров. Разговорот снимен во февруари 2025 година, за жал, остана нивното последно заедничко интервју.

Речиси два часа зборуваа за своите почетоци, за пријателството, за успесите и несогласувањата, за компромисите кои ги правеле низ годините и за меѓусебната доверба која никогаш не ја изгубиле. Се смееја, се потсетуваа на анегдоти и отворено зборуваа за разликите меѓу нив, но и за сè што ги поврзувало.

Со истата непосредност со која раскажуваа за минатото, зборуваа и за иднината. За новите музички предизвици, за концертите кои ги очекуваа и за плановите кои трагедијата сурово ги прекина.

Денес, една година по смртта на Панчо, нивните зборови од последното заедничко гостување будат особено силни емоции.

Запознавање и дружба, па ДНК

Андреј откри дека се запознале сосема случајно, Панчо бил вработен на шанк во кафуле, а Андреј дојден од Дебар учел во средно музичко училиште. Интересно е што Андреј во тој момент имал зелена коса, а Панчо розова, Панчо го имал „ОК бенд“, Андреј го имал „ТНТ бенд“, но кога се распаднале, Панчо му пристапил Андреј за заедно да имаат дуо, бидејќи постојано се дружеле.

„Уште сега му го памтам бројот од девојка му каде што го барав, бидејќи тогаш немавме мобилни телефони“ - откри Андреј.

Андреј од ДНК

Андреј за Панчо: „Како да ме носи на грб“

„Музика, промотерство, диџејство - еден куп работи што ги прави, се базирани на патот на успехот кој ќе го направиш сам, зошто си сам, нема кој да те бутне. Тој уште ме носи, како да кажам, со потезите што ги прави, како на грб...

Различна музика слушаме, тој сака спорт цело време, тоа му е издувен вентил. Јас сакам дома да ме затвориш, звучниците и пивото дај ми го, некој другар вака да седнеме муабет да направиме и имам поасоцијален тип на живот. Панчо дома да го затвориш ќе побудали...“ - искрен е Андреј.

Панчо за Андреј: „Имаме голем компромис, плус и минус сме“

На тоа пак, Панчо вели дека нивниот искрен и чесен однос е она кое ги држи во живот:

„Не дека јас него го носам на грб.. имало работи кои мене или нему не ни се допаѓале, но и јас и тој сме знаеле дека никој не ги правел свесно, дека тој ме краде мене или јас го крадам него или дека намерно му наштетувам, омаловажувам или обратно - тогаш е веќе проблем. Овде има голем компромис, јас и тој сме плус и минус... 

Не се дружиме приватно, не се дружиме... но јас да му се јавам него во пет часот наутро или тој да ми се јави мене, ние ќе си завршиме работа еден на друг во секое време. Едноставно имаме друг круг на луѓе, тој сака други работи, јас сакам други работи и не значи дека ако ние функционираме добро треба да сме „г*з и гаќи“ цело време. Ние дури и во студио не работиме заедно, многу ретко...

Не мора да се експонираме, што да кажувам јас дека Андреј најмногу го сакам или дека тој ме сака мене, па мене ми е смешно да си коментираме на Инстаграм „Еј браво брат“ после 23 години...“

Панчо од ДНК

Концертот за 20 години ДНК и плановите кои никогаш нема да се остварат

На крајот од подкастот, Лазаров ги праша дали концертот по повод 20 години од нивното постоење бил врвот во нивната кариера.

„Панчо ако го прашаш за него никогаш ништо не е врвот, додека дише...“ - низ насмевка рече тогаш Андреј, па додаде:

„Секој настап е нов, во истиот клуб да е пред истата публика, секој настап е нов момент, треба да отпееш, треба да ги анимираш тие луѓе, да си искрен во пристапот, камоли пред 10 илјади луѓе, не се опишува тоа чувство... овде од почеток до крај не можев да се соземам, и мислам дека најмногу од сè уживав затоа што луѓето уживаа, но и затоа што и ми се вртеше во глава дека сите оние коишто ми се најблиски и стварно ме сакаат како Андреја, а не како Андреј ДНК ми се таму... тоа за мене беше еден од најпосебните моменти во кариерата.“

Токму на тоа прашање Панчо тогаш го најави нивниот нов концерт кој никогаш не се одржа, акустичен во Македонска филхармонија, планиран баш за минатиот октомври, кога и тој си замина од овој свет.

„Сега оваа година имаме нешто што стварно е еден голем предизвик, многу помало ќе биде, во Македонска филхармонија, во октомври, ќе биде „ДНК Unplugged“, нешто што досега никој не го направил. Аранжманите ќе бидат сосема сменети, ќе имаме гости кои ќе ги дознаете...“

Целиот подкаст може да го погледнете тука:

ДНК
ДНК
ДНК
Tags
Панчо
Андреј Ѓорѓиески

Најнови

  • Андреј и Панчо од ДНК

    „Плус и минус сме, но имаме голем компромис“: Како зборуваа Андреј и Панчо еден за друг во нивното последно интервју

    Wed, 10/14/2026 - 13:20
  • Српската манекенка Слаѓана Тесла пронајдена мртва – тврдеше дека е роднина на Никола Тесла

    Wed, 10/14/2026 - 11:59
  • dmBio напитоци од овес

    За кафе, мусли, смути или десерти: Овие dmBio напитоци од овес имаат повеќе намени отколку што мислите

    Wed, 10/14/2026 - 11:58
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.