• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Српската манекенка Слаѓана Тесла пронајдена мртва – тврдеше дека е роднина на Никола Тесла

14 октомври 2026, 11:59
  • cподели

Слаѓана Тесла беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Нов Белград. 

Поранешната манекенка имаше 53 години, а покрај нејзината успешна модна кариера, јавноста ја памети и по приказната за роднинската поврзаност со еден од најголемите научници во историјата – Никола Тесла.

Според неофицијалните информации објавени во српските медиуми, Слаѓана живеела сама, а соседите ја немале видено неколку дена. Откако од нејзиниот стан почнал да се шири непријатен мирис, биле известени надлежните служби, кои го пронашле нејзиното тело. 

Точната причина и времето на смртта треба да бидат утврдени со обдукција и истрага.

Слаѓана беше едно од препознатливите лица на српската модна сцена. Започнала да се занимава со манекенство во 1991 година, а со природната убавина, харизмата и впечатливото лице брзо го привлекла вниманието на модниот свет.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Magazines by Sanja (@models_by_sanja)

Во текот на кариерата соработувала со познати домашни и странски креатори, меѓу кои и Диор, Валентино и Вивиен Вествуд.

По успешните години на модните писти, продолжила да работи во индустријата како модна кореографка, кастинг-директорка и продуцентка, а повремено се враќала и пред камерите.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Една од најинтересните приказни поврзани со Слаѓана беше нејзината семејна врска со славниот научник Никола Тесла. Таа со гордост зборуваше за своето презиме и тврдеше дека се далечни роднини. Во интервјуа објаснуваше дека луѓе кои се занимаваат со истражување на семејното стебло на Тесла ја контактирале откако го виделе нејзиното интервју и дека во истражувањата била пронајдена таква линија.

Слаѓана верувала дека со познатиот научник ја поврзуваат и одредени физички карактеристики, како издолженото лице, изразените јагодични коски и продорниот поглед.

„Сите веднаш те запаметуваат и веднаш реагираат на презимето. Тоа понекогаш беше и лошо, бидејќи не можев да избегам од час, а тоа веднаш ќе се забележеше во училиштето. Од друга страна, горда сум на тоа презиме, многу ми значи и ми годи“ – имаше изјавено таа.

Иако природните науки не ѝ биле омилени во училиште, со текот на годините започнала да се интересира за метафизиката, енергијата и природните закони.

„Од физика дури ми подаруваа оценки, бидејќи било срамота еден Тесла да има лоша оценка по физика. Дури сега сфаќам што правел и како работел. Колку повеќе читам за него, толку повеќе го разбирам“ – изјавила таа.

Tags
Слаѓана Тесла

Најнови

  • Српската манекенка Слаѓана Тесла пронајдена мртва – тврдеше дека е роднина на Никола Тесла

    Wed, 10/14/2026 - 11:59
  • dmBio напитоци од овес

    За кафе, мусли, смути или десерти: Овие dmBio напитоци од овес имаат повеќе намени отколку што мислите

    Wed, 10/14/2026 - 11:58
  • „ТОШЕ, ТЕ САКАМЕ СИТЕ“: Ново урбано катче со хортикултурно уредување и музички настан во Ново Лисиче во чест на Тоше Проески

    Wed, 10/14/2026 - 11:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.