За кафе, мусли, смути или десерти: Овие dmBio напитоци од овес имаат повеќе намени отколку што мислите
Во утринското кафе, со омилените мусли, во смути или како состојка во десертите – растителните напитоци лесно можат да најдат место во различни оброци и рецепти. А кога основата е овес, изборот може да оди во две насоки: ароматична варијанта со ванила или класичен напиток без шеќер. Токму овие две опции ги нуди dm марката dmBio, со производи од органско земјоделство кои се 100% вегански и природно не содржат лактоза и млечни протеини.
За оние кои сакаат овесниот напиток да има малку посладок и поароматичен карактер, dmBio напитокот од овес со ванила, од 1 литар, ја комбинира основата од овес со вкус на ванила. Состојките се од органско земјоделство, а овесот што се користи за производство потекнува од Германија или Австрија. Производот е целосно вегански и не содржи додаден шеќер, иако природно содржи шеќери. Токму ванилата му дава поинаков карактер и отвора повеќе можности за комбинирање. Дополнително, dmBio напитокот од овес со ванила природно не содржи лактоза и млечни протеини, па претставува растителна алтернатива на млекото за оние кои избираат веганска исхрана или едноставно сакаат да внесат повеќе растителни производи во своето мени.
За оние кои сакаат понеутрална варијанта со уште поширока примена во кујната, тука е dmBio напитокот од овес без шеќер. Тој се произведува од интегрален овес од Германија, од органско земјоделство и во согласност со строги стандарди за органско производство. И оваа варијанта е 100% веганска и природно не содржи лактоза и млечни протеини. Неговиот благ и избалансиран вкус го прави практичен за различни комбинации. Може да се додаде во кафе, да се прелие преку мусли или да стане основа за смути. Но неговата употреба не завршува со појадокот и напитoците – може да се користи и при подготовка на храна, како во десерти, така и во различни солени јадења.
Токму тука е и главната разлика меѓу двата производи. Варијантата со ванила носи поизразена ароматична нота и лесно се вклопува во мусли, овошни комбинации, гриз и десерти, додека напитокот од овес без шеќер со својот понеутрален вкус може да се користи и во слатки и во солени рецепти. Заедничко им е органското потекло и растителната основа. Двата напитока се вегански и природно не содржат лактоза и млечни протеини.
Со ванила или без шеќер? Едниот може да внесе дополнителна арома во појадокот и десертите, другиот лесно да премине од кафето и муслите до рецептите во топлата кујна. Со двата dmBio напитока од овес, во dm може да се избере растителна алтернатива според вкусот, оброкот и начинот на кој сакате да ја користите.