• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Писмо од една домаќинка до сите родители: „Хаосот може да почека“

6 септември 2018, 10:47
  • cподели

Невработена мајка објави текст во кој им порачува на родителите да престанат да се фокусираат на чистотата во домот и да ги стават децата на прво место.

Елизабет Русин сподели дека иако е домаќинка, нејзиниот сопруг не очекува домот да им блеска кога ќе се врати од работа и дека ѝ помага во расчистување на нередот, бидејќи знае дека нејзин приоритет е воспитувањето на нивните деца.

Русин апелира мажите да не им вршат притисок на сопругите да го одржуваат домот беспрекорен, бидејќи ХАОСОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА, а децата НЕ.

Маж

Сакам да кажам нешто што ми тежи на душата во последно време.

Кога со сопругот одлучивме да бидам мајка која не работи за да се грижи за децата, се согласивме дека ќе бидам токму тоа, МАЈКА. Не сум куќна помошничка. Да, чистам во текот на денот, но мојот главен фокус секогаш ќе бидат моите деца. Најголем дел од чистењето во текот на денот на некаков начин ги вклучува моите деца – перење облека, празнење на машината за садови, чистење со правосмукалка, собирање играчки...

Сакам тие да научат дека е потребен тим за да се одржува нашиот дом чист. Ако го поминеме денот во играње и учење и растење и куќата е хаос на крајот од денот, со мојот сопруг создаваме тим кога ќе се врати од работа. Тој не ме прекорува за валканите садови во мијалникот кога ќе влезе низ врата, туку ги мие. Заедно диплиме алишта откако ќе ги заспиеме нашите деца и го користиме тоа време за да разговараме за нашиот ден или за она што ни е на ум. Најголем дел од обврските низ доворот се негови, не затоа што јас нема да ги направам, туку затоа што тој го користи тоа време за да се поврзе со нашите деца и да ги научи како да косат крева и слично.

Оваа куќа е НАША, не само моја. Овие деца се НАШИ, не само мои. Одбивам да им создадам спомен дека постојано чистам и одбивам да ги учам моите деца дека домашните обврски постојано треба да паѓаат врз грбот на мајката. Останав дома за да бидам присутна во нивните животи, не за да го одржувам домот беспрекорен во секој момент. Ако децата сакаат да си играме, ќе играм. Ако сакаат да се гушкаме, ќе ги гушнам. Ако сакаат да боиме, ќе направиме ремек-дело за гордо да го обесиме на фрижидерот. Ако сакаат да читаме книга, ќе им ја прочитам книгата онолку пати колку што ќе посакаат.

Во никаков случај не велам дека треба да дозволите куќата да ви се претвори во депонија, но чувствувам дека многу мажи очекуваат куќата да им биде беспрекорна само затоа што нивните сопруги се дома. Ние, како мајки, не се откажуваме од нашите кариери, интеракциите со возрасни, платата и разумот за нашите куќи да блескаат кога нашите сопрузи ќе влезат дома. И уверена сум дека повеќето од нас се понервозни поради нередот од вас.

Наместо да ѝ префрлаш на сопругата за трошките на подот, земи метла. Наместо да ѝ се дереш дека масата има чкртаници од маркер, прашај ја дали имаше тежок ден и прегрни ја.

Наместо да ѝ кажуваш дека е мрзлива што не ги здиплила алиштата, заблагодари ѝ се што ти ги гледа децата и започни да го диплиш бесконечниот куп со измешани чорапи.

Наместо да туфкаш за нештата што не се завршени, прашај ја што правеше со децата, дали се смееја, што научија, колку пати им кажа дека ги сака, потоа соблечи ги обувките и исчисти ја кујната.

Тоа што сум дома со моите деца е најголемиот дар што ми бил даден, но е и едно од најтешките нешта што сум ги правела. По неколкупати дневно му се заблагодарувам на мојот сопруг што го прави ова возможно, што се „убива“ од работа за да обезбеди финансиски средства за семејството.

Никогаш не очекував тој да дојде дома по долгиот работен ден и да ја исчисти целата куќа сам. Не очекував тој да се буди на секое хранење навечер додека нашите деца беа новороденчиња. Никогаш не очекував тој да дојде дома и да измие еден куп садови, бидејќи знам дека јас можам да го направам тоа со децата следниот ден. Но, благодарна сум што не се плашам од неговата реакција ако куќата не е чиста. Благодарна сум што имам партнер кој разбира што значи да се биде тимски играч и кој ќе ги направи тие нешта без двоумење.

Срцето ми се кине кога слушам колку многу жени се прекорувани од мажите зашто куќата не им била во тип-топ состојба кога ќе се врателе од работа или дека сопрузите не им помагале во ритуалите пред спиење. Имањето семејство бара многу труд од сите, вклучително и од децата. Тоа што одиш на работа не те исклучува од родителството и од домашните обврски.

Па, сопрузи, ако го читате ова, заблагодарете им се на вашите неверојатни жени што се откажале од сè за да ги растат тие прекрасни бебиња што заедно ги создадовте, а вие сопруги, заблагодарете им се на вашите сопрузи што ви овозможиле да останете дома и ве молам запомнете, хаосот може да почека.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.