Песочна плажа, палми, љубов... Каролина Гочева ужива на егзотичните Сејшели со сопругот Михаил
Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин деновиве одмораат далеку од зимскиот студ, на егзотичните Сејшели.
Македонската музичка ѕвезда и македонскиот уметник престојуваат на островот Мае, каде што уживаат во сончевите денови, тиркизните води, песочните плажи и спокојната атмосфера.
Нивната авантура не остана незабележана на социјалните мрежи. Корубин сподели повеќе фотографии на кои Каролина ужива во погледот под палма и чита книга.
„Неколку убави островски денови“ – напиша тој во описот на албумот.