• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Пејачот Ник Џонас ги сподели првите 4 симптоми пред да му биде дијагностициран дијабетес тип 1

14 ноември 2022, 12:28
  • cподели

Денес се одбележува Светскиот ден на дијабетесот, кој има за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за оваа болест од која страдаат 463 милиони лица низ светот.

По тој повод, голем број личности кои се засегнати од шеќерната болест го креваат својот глас за да ја подигнат свеста за знаците кои многумина можеби ги игнорираат. Пејачот Ник Џонас сподели видео во кое ги споделува четирите симптоми кои ги покажувал пред да ја добие дијагнозата во тинејџерските години.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Jonas (@nickjonas)

„Имав 4 знаци дека живеев со дијабетес тип 1: прекумерно чувство на жед, губење на тежина, често уринирање и иритабилност. Тие се чести знаци на дијабетес тип 1. Ги споделувам моите знаци за другите да можат да ги видат“ – напиша во описот 30-годишниот член на бендот Jonas Brothers.

Во интервјуто за „Beyond Type 1“ направено по повод Светскиот ден на дијабетесот Ник раскажа за моментот кога забележа дека нешто не е во ред со него и за добивањето на дијагнозата.

„Започнав значително да губам тежина во краток временски период, речиси 11 килограми за две недели. Постојано бев жеден и често го користев тоалетот. Моето однесување и сè беше надвор од контрола. Бев многу нервозен што исто така беше знак. Често имав и грчеви. Знаев дека нешто не е во ред и дека ќе бидам во вистинска неволја ако не се погрижам за тоа наскоро.“

„Имав само 13 години... Педијатарот ме информираше дека имам дијабетес тип 1. Нормално, на почетокот бев избезумен. Но, немав време за паника зашто морав веднаш да одам во болница. Тоа беше почеток на едно ново лудо патување“ – рекол Ник.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Jonas (@nickjonas)

Светскиот ден на дијабетесот за првпат бил одбележан на 14 ноември 1991 година во чест на Фредерик Бентинг, кој бил првата личност што го користела инсулинот како третман за дијабетес. Тој е најмладиот добитник на Нобелова награда за Медицина и Физиологија.

Според Институтот за јавно здравје, дијабетесот е една од водечките причини за смрт меѓу луѓето. Експанзивното зголемување на епидемијата на дијабетес оди рака под рака со порастот на нејзините фактори на ризик. Зголемувањето на факторите на ризик за дијабетес е алармантно кај децата и адолесцентите. 42 од 100 адолесценти и 36 од 100 деца се со прекумерна тежина, додека 81 од 100 адолесценти се недоволно физички активни.

Во Република Северна Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2021 година бројот на ново регистрирани новодијагностицирани со дијабет изнесува 7.460 случаи.

Повеќе за оваа болест, прочитајте тука.

Tags
дијабетес
Ник Џонас

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.