• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Парите за малата Валерија се собрани! Мајката им се заблагодари на сите хумани луѓе

16 ноември 2017, 10:45
  • cподели

Илјадници луѓе се растажија од сторијата за малата Валерија и ги отворија своите срца за да му помогнат на малото девојче да продолжи да му се радува на животот.

Средствата потребни за лекувањето и операцијата на 7-годишното девојче, кое страда од тумор на мозокот, беа собрани преку донациските броеви на мобилните оператори Телеком и Вип. Броевите за донирање од вчера се затворени.

Хируршката интервенција е закажана во Турција и чини 40.000 евра.

Валерија

Марина, мајката на Валерија, од срце им се заблагодари на сите кои на каков било начин помогнаа во собирањето на потребните средства.

„Благодарам Штип. Благодарам Македонијо. Благодарност и до луѓето кои живеат надвор од нашата земја и сите државјани од странство од се срце за хуманоста. Уште еднаш докажавте дека заедно можеме сè. Валерија ќе ви биде секогаш благодарна и ќе ви врати со нејзината насмевка. Со Господ напред, кога ќе се вратиме да си дојдеме со убава вест“ – стои во нејзината објава на Facebook.

Валерија

Во однос на покривањето на трошоците за лекувањето, од Фондот за здравство истакнаа дека в петок ќе го имаат одговорот од првостепената комисија.

Мајката истакна дека средствата кои нема да бидат потрошени за лекувањето на малата Валерија, ќе бидат пренаменети за други дечиња на кои им е потребно лекување во странство.

Tags
Валерија Зафировска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.