• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Париската недела на високата мода – пролет/лето 2013

25 јануари 2013, 13:19
  • cподели

Во изминативе четири дена Париз пулсираше во ритамот на високата мода. Префинетото мајсторство на врвните дизајнери беше презентирано пред љубопитните погледи на внимателно избрана публика. На пистите во градот на светлината манекенките наликуваа на самовилски кралици, божици од вселената, дами во цветна градина, меланхолични роматичарки во мрачна шума.

Што сè донесе Париз на модната сцена?

Версаче

Донатела Версаче докажа дека елеганцијата не е неопходна за високата мода, покажувајќи модернистичка колекција инспирирана од контрастот помеѓу „стаклото и челикот“, односно нивната „кршливост и цврстина“. Имагинативните мешавини на материјали (тул со латекс, лакирана кожа и кожа од питон), зачинети со детали од 24-каратно злато, придонесоа колекцијата да ја зачува драматичноста карактеристична за брендот Версаче.

На визуелниот спектакл не му недостигаше максимален луксуз, нити пак умерен сексапил.

Versace Versace
Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace

Кристијан Диор

Духот на пролетта, расцутените цвеќиња и обновувањето ја исполнија со непоправлив оптимизам ревијата на Диор. Манекенките со кратки фризури и црвени блескави усни ги презентираа креациите на Раф Симонс во прекрасна раззеленета градина.

„Беше многу убаво, модерно, со релевантен приод кон високата мода. Иако тој искористи традиционални аспекти од Диор – пеплум, формите на џакетата, волуменот на здолништата и корсетите – сè беше направено на умерен начин“ – изјавила Александра Шулман, уредничката на британскиот „Вог“.

Dior Dior
Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior

Џамбатиста Вали

Вали претстави традиционален и луксузен поглед на високата мода. Поигрувајќи си со должината и волуменот на здолништата и формата на фустаните, а притоа користејќи софистицирани материјали, италијанскиот дизајнер креираше колекција инспирирана од флората и фауната.

Дамска елеганција зрачеше од фустаните украсени со цветни детали, кои им даваа тродимензионален ефект.

Valli Valli
Valli Valli Valli Valli Valli Valli Valli Valli Valli Valli Valli Valli

Шанел

Птици пееја во меланхоличната дабова и борова шума на Шанел која беше олицетворение на летен ноќен сон. Мистериозната и романтична ревија, во која доминираа твид и чипка, на моменти делуваше театрално. Манекенките беа нашминкани во стил „птичји очи“ со помош на трепки изработени од органза, додека нивните асиметрични фризури беа украсени со пердуви кои изгледаа како паднати гранки во нивните коси.

Карл Лагерфелд на крајот го испрати на пистата своето кумче и две девојки облечени како невести кои се држеа за рака. На тој начин тој ја изрази својата поддршка за легализирање на браковите помеѓу лица од ист пол.

Chanel Chanel
Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel

Џорџо Армани

Џорџо Армани донесе на пистата возбудлива турска авантура. 78-годишниот дизајнер, кој со луксузните креации редовно си го пробива патот до срцата на холивудските ѕвезди, им го отстапи централното место во ревијата на чистите панталони со метален отсјај.

Елечиња со мониста, впечатлив накит со етнички елементи, сјајна свила, сатен и органза ги красеа дамските креации со егзотични примеси.

Armani Armani
Armani Armani Armani Armani Armani Armani Armani Armani Armani Armani Armani Armani

Жан Пол Готје

„Сè се врти околу индиските цигани, оние вистинските од Раџастан“ – изјавил Готје пред почетокот на шоуто. При дефинирањето на визијата за колекцијата очигледно во неговата глава се вртела индиска невеста превезувана на слон.

Ревијата заврши со „невеста“ која го подигна здолништето за да открие сокриени дечиња облечени во индиски стил.

Gaultier Gaultier
Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier Gaultier

Валентино

Дизајнерското дуо Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли создаде бајковита колекција тргнувајќи од идејата за тајни градини со лавиринти, антички мозаици и романтични слики со цвеќиња. „Навистина сакавме да креираме сон“ – изјавила Киури, која доби честитки од самиот Валентино.

Првите фустани имаа интересен дезен кој имитираше железна порта како од бајките, која ја откри таинствената романтична градина „отсликана“ со секоја од наредните креации.

Valentino Valentino
Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino Valentino

Ели Сааб

Ели Сааб ја маѓепса публиката со деликатна елеганција и самовилска нежност. Неговата „Ода на деликатноста“ не донесе голема инвентивност на пистата, но го следеше успешниот гламурозен рецепт по кој работи тој.

Пастелните нијанси беа разбиени од црвените и црни креации, додека рачно шиените кристали ѝ даваа раздвиженост на секоја креација.

Elie Saab Elie Saab
Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab
Tags
Париската недела на високата мода
Париската недела на високата мода пролет лето 2013

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.