• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Тело

Парфемот – невидливиот моден додаток

10 февруари 2010, 11:13
  • cподели

Парфемот отсекогаш бил особено ценет во различните култури во светот. Денес најголем дел од луѓето не го напуштаат домот без да го искористат својот омилен парфем. Впрочем, на секоја четврта секунда се купува едно шишенце парфем некаде низ светот. Парфемот ја акцентира индивидуалноста и зборува многу за лицето што го користи.

ПарфемНекои луѓе одат дотаму што парфемот го споредуваат со музика, затоа што е составен од различни ноти кои што создаваат хармоничен мирис.

На сите ни се познати најпопуларните парфеми како Chanel № 5, но треба да знаеме малку повеќе од тоа за да можеме правилно да го избереме и нанесеме парфемот.

Мирисни ноти

“

Парфемот е невидлив, незаборавен и најважен моден додаток што го најавува вашето доаѓање и го одолговлекува вашето заминување.

Коко Шанел

Некои луѓе парфемот го споредуваат со музика, затоа што е составен од различни ноти кои што создаваат хармоничен мирис. Различните ноти се појавуваат со текот на времето. Прво се чувствуваат главните, па средните и на крајот основните ноти на парфемот.

  • Горни површински ноти. Тоа е мирисот кој што се добива веднаш по нанесувањето на парфемот. Горните ноти брзо исчезнуваат, но се важни затоа што го создаваат првиот впечаток за парфемот.
  • Средни ноти. Откако ќе исчезне мирисот на главните ноти, се појавува аромата на средните. Тие се срцето на парфемот и понекогаш служат за да ја прикријат и маскираат непријатната арома на основните ноти. Најчесто овие ноти може да се почувствуваат во периодот од две минути до еден час по нанесувањето на парфемот.
  • Основни ноти. Спојот на средните со основните ноти всушност е главниот мирис на парфемот. Основните ноти испаруваат бавно, му даваат длабочина на парфемот и не можат да се почувствуваат додека не поминат 30 минути од нанесувањето на парфемот.

Каков парфем да изберете?

Секогаш внимателно избирајте парфем, во зависност од годишното време и според тоа за каков повод ќе го користите.

Изберете си парфем со лесна, пријатна и свежа арома за летните месеци. Потешките парфеми користете ги во зима. Во текот на денот користете парфеми со посвежа и слаба арома, а поинтензивните парфеми нанесувајте ги за вечерни прилики.

Најчесто на шишенцата или опаковките ги среќаваме ознаките Eau de Parfum (EdP) и Eau de Toilette (EdT). Eau de Parfum значи дека парфемот има поинтензивен мирис кој исчезнува побавно, а Eau de Toilette означува дека концентрацијата на етерични масла е пониска. Тоалетната вода нема многу силен мирис, па најдобро е да се употребува во текот на денот, а парфемот за посвечени прилики.

Дали ќе користите парфем или тоалетна вода зависи од вашиот избор и се разбира од вашиот буџет, затоа што парфемот е секогаш поскап.

Како да го тестирате?

Кога сакате да тестирате нов парфем, најважно е претходно да не сте искористиле друг парфем или продукт за тело со посилна арома. Кожата треба да ви биде чиста и да се наоѓате во добро проветрена просторија.

Најдобро е да го тестирате на вашата рака, затоа што парфемот мириса на различен начин на кожата на различни луѓе. Нанесете го парфемот и почекајте неколку минути. Парфемите секогаш придобиваат нова нота откако ќе помине извесно време. Не тестирајте повеќе од 4 парфеми одеднаш.

Како да го употребувате правилно?

Сигурно често ви се случува додека се подготвувате за излегување или за на работа, да нанесете од парфемот без контрола, да прснете по алиштата или во брзањето да го оставите парфемот до извор на топлина. За да ги избегнете тие грешки, еве неколку совети.

ПарфемПарфемот секогаш нанесувајте го на чиста кожа и чувајте го во опаковката.
  • Нанесувајте парфем на чиста кожа. Не користете лосион или млеко за тело што има различна арома од аромата на вашиот парфем, затоа што во таков случај парфемот нема да го има вистинскиот мирис. Ако сакате да искористите млеко за тело, најдобро е тоа да биде од истата линија.
  • Колку парфем ќе нанесете зависи од неговата концентрација. Парфемите со ознака Eau de Parfum имаат поголема концентрација на етерични масла. Тие имаат поинтензивна арома и треба да ги нанесувате внимателно врз пулсирачките точки над дланката на раката, зад ушите и зад коленото. Ако користите тоалетна вода, концентрацијата на етерични масла е пониска. Во таков случај можете да нанесете поголема количина на пулсирачките точки или да направите облак од тоалетната вода и да поминете низ него.
  • Нанесувајте парфем на кожата, а не на облеката. Прскајте се со парфем пред да облечете алишта. Во никаков случај не нанесувајте парфем на облеката. Повеќето од парфемите оставаат мрсни флеки, а аромата може да стане непријатна по извесно време.
  • Чувајте го парфемот во неговата кутија. Додека парфемот е во опаковката, тој испарува побавно и е позаштитен во случај да го оставите на сонце.
Tags
парфем
тело

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.