• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Парализирана жена го порази својот хендикеп и стана акробат во воздух

15 октомври 2015, 12:30
  • cподели

Упорноста секогаш се исплатува, а Лорен Вотсон е прекрасен пример за тоа. 34-годишната Австралијка, која е делумно парализирана од половината надолу, успеала да го порази својот хендикеп за да стане акробат во воздух. Сега таа настапува пред публика, не дозволувајќи ништо да ѝ застане на патот.

Лорен Вотсон Лорен Вотсон

Вотсон имала само 19 години кога доживеала сообраќајна несреќа. Поради повредите на 'рбетот, таа ги изгубила моторните и сензорните функции во нозете, а едната нога воопшто не ја чувствува. Лорен се движи со помош на инвалидска количка.

Лорен Вотсон Лорен Вотсон

Цела деценија упорната девојка се борела за напредок во физикалната сала пред да сфати дека тоа само правело таа да се чувствува хендикепирана. „Не беше воопшто забавно. Отсекогаш сум била љубопитна личност, па започнав за се занимавам со акробатика. Имав многу сила во горниот дел од телото и тоа ми беше голема предност, но не можев да му кажам на мозокот како да ги користи моите нозе. Тоа ми стана опсесија која ме поттикнуваше да продолжам. Морав некако да му кажам на мојот мозок: Мораш да ги мрдаш нозете вака“ – изјавила Лорен во интервју за списанието „Provoke“.

Првиот предизвик на Вотсон бил да пронајде училиште кое ќе ја прими на часови. Откако го пронашла, цели шест месеци не можела да направи ништо друго освен да се исправи на една нога, но не се откажала. „Не можев да се качувам, но не се откажав. Ако се откажеш, ќе го поминеш остатокот од својот живот прашувајќи се што ако...“ – рекла таа.

Лорен Вотсон Лорен Вотсон

Сите се сомневале дека Лорен ќе успее, особено нејзиниот физиотерапевт. „Некогаш се прашувам дали треба да му кажам на тој физиотерапевт дека уште повеќе ме мотивираше со недостигот на поддршка и на некој начин ми помогна да стигнам онаму каде што сум денес“ – вели таа.

По три години напорна работа, Лорен денес настапува пред публика и инспирира многумина да бидат истрајни во она што го прават. Според неа, хендикепот не треба да биде пречка за луѓето да ги следат своите соништа. „Со хендикеп или без, сите ние сме само луѓе кои го следиме сонот да бидеме најдобри што можеме да бидеме со она што го имаме“ – смета Лорен.

Лорен Вотсон Лорен Вотсон Лорен Вотсон Лорен Вотсон

„Секој има нешто во животот кое го чувствува како товар. За мене тоа е мојот хендикеп, но ништо не може да ве запре освен вие самите. Ако навистина нешто сакате, тргнете кон него“ – додава таа. „Сакам да имам голем живот. Сакам да биде толку голем што кога моите внуци или нивните деца ќе го погледнат, ќе речат: И ние можеме да го постигнеме тоа“.

Tags
инспиративно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.