• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Панчо повика да излеземе... Паднав во стампедото, настана хаос“: Ана Костадиновска сведочеше за спасувањето од пожарот во Кочани

25 февруари 2026, 14:31
  • cподели

Ана Костадиновска првпат јавно проговори за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од каде едвај успеа да се спаси за време на пожарот. 

Со потресни зборови, на денешното судско рочиште, пејачката раскажа за хаосот, стампедото, разделбата со својата колешка Сара и траумата која и ден-денес ја лекува.

До избувнувањето на пожарот, испеавме 4-5 песни. Ја изведувавме „Што сака нека биде“. На рефренот се вклучија прскалките... на оваа песна секогаш се палат. Почувствував необична топлина, погледнав нагоре и видов пламен – сведочела Ана.

Сè се случувало многу брзо и поради тоа не ја сфатиле веднаш сериозноста на ситуацијата. 

Панчо повика да излеземе, но не ја сфативме сериозно ситуацијата и се движевме бавно. Кај сцената забележав врата и ги повикав да излеземе оттаму, ама беше заклучена. Се упативме кон подолгиот пат и кај шанкот веќе настана ескалација – раскажала таа.

Почна пукање, вриштење, паѓаа ситни пластики кои нè удираа по грбот. Настана стампедо. Сите тргнаа наеднаш кон излезот. Заклучивме дека не можеме да излеземе – рекла Ана, која во метежот се разделила со Сара. 

Се разделивме кога го поминавме шанкот и веќе не се видовме – рече во изјавата пред судот.

Ана паднала во стампедото кај самиот излез. 

Се чувствуваше страшен мирис што тераше на спиење. Јас цело време бев свесна, се трудев да не заспијам. Ми помогна еден дечко кој беше до мене и нè држеше будни“ – раскажа таа.

Ногата ѝ била приклештена, а врз неа имало многу луѓе, па мислела дека никогаш нема да излезе оттаму. За среќа, Ана била извлечена, а подоцна дознала дека ја спасил дечко од Виница, кој спасил повеќе лица.

Пред дискотеката останала два до три часа, чекајќи ги своите другари, а потоа случајни минувачи ја однеле во болницата во Кочани. 

Ми беа изгорени гласните жици и не можев да зборувам. Коленото ми беше набиено навнатре, за чудо немав скршеница, но сè уште имам болки. Имав изгореници по лицето веројатно од високата температура, како и траги по телото како од цигара – споделила таа.

Во седум часот наутро пристигнала во Скопје, а потоа била хоспитализирана во „Аџибадем Систина“ два дена. Таму ја дознала и страшната вистина за членовите на бендот ДНК.

Веста до ден-денес не сум ја примила до крај. Сè уште се лекувам, на психолози. ДНК беше моето второ семејство, а Сара ми беше сестра – рекла Ана.

Таа додала дека не знае колку луѓе имало таа вечер, но дека дискотеката била преполна, а не забележала дали имало обезбедување со ознаки.

Tags
Ана Костадиновска

Најнови

  • „Панчо повика да излеземе... Паднав во стампедото, настана хаос“: Ана Костадиновска сведочеше за спасувањето од пожарот во Кочани

    Wed, 02/25/2026 - 14:31
  • СептаНазал

    СептаНазал: За полесно дишење и поудобно патување дури и кога имате настинка

    Wed, 02/25/2026 - 13:57
  • Антон (Тони) Баталаковски

    Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

    Wed, 02/25/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.