• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Оваа Олимпијада е за тебе сине“: 35-годишна мајка освои злато во лизгање, нејзиното синче го украде шоуто со палавоста

12 февруари 2026, 12:01
  • cподели

„Пораката која сакав да ја испратам е дека не мораше да бирам помеѓу лизгањето и тоа да бидам мајка... За мене ова беше можност да им покажам на луѓето дека можеш да бидеш мајка и да се вратиш уште посилна“ – изјави Франческа Лолобриџида која освои злато на Зимските олимписки игри 2026.

35-годишната италијанска натпреварувачка во брзо лизгање триумфираше во трката на 3.000 метри, поставувајќи нов олимписки рекорд и освојувајќи го првото олимписко злато во брзо лизгање за Италија во женска конкуренција.

По трката, наместо сама да застане пред камерите, Франческа го зеде во раце својот 2-годишен син Томазо, а неговите лудории додека таа даваше интервју станаа хит и допреа до многу мајки.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Collective Evolution (@collective_evolution)

„Не е лесно да се комбинира лизгањето со мајчинството. Овој медал е за мене, за луѓето кои веруваа во мене и за оние кои велеа: ‘Можеби таа не може?’ Тие ми ја дадоа силата да се докажам“ – рече таа.

По Олимпијадата во Пекинг, Франческа направи пауза од спортот за да стане мајка. Во еден период размислувала дури и целосно да се повлече од професионалното лизгање. Но, љубовта кон спортот и желбата да покаже дека мајчинството не е крај на соништата ја вратија на мразот, посилна и поодлучна од кога било.

„Престанав веднаш по медалите сребро и бронза во Пекинг. Навистина бев на врвот на светот. Бев храбра, па навистина сум горда на себе“ – рече таа, осврнувајќи се на медалите кои ги освои на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

На Instagram, Франческа напиша моќна порака, а победата му ја посвети на синчето, кое ѝ дава сила.

Моја четврта Олимпијада. Прва како мајка.

На последните Олимписки игри го достигнав највисокиот врв во кариерата и сфатив дека се наоѓам во најдобриот момент од мојот спортски живот. 

Сепак, избрав да застанам.

Не затоа што немав соништа, туку затоа што имаше уште еден поголем – да го изградиме заедно со мојот сопруг, кој никогаш не престана да го почитува и поддржува мојот живот како спортистка. Не сакав да се откажам ниту од семејството, ниту од сонот за Олимпијада на домашен терен.

Станав мајка во мај 2023 година, а веќе во октомври 2023 повторно бев на лизгалките. Така започна моето патување како мајка-спортистка.

Денес сум горда.

Горда на себе, на моите избори, на стравовите со кои се соочив. Горда што еден ден ќе можам да му кажам на Томазо дека соништата мора да се бранат, дека ништо не е лесно, но дека со љубов, решителност и вистинските луѓе покрај себе, можеш да стигнеш многу подалеку отколку што мислиш.

Затоа што ниту една цел не се достигнува сама. А јас имав среќа покрај себе да имам извонредни луѓе на кои им велам БЛАГОДАРАМ...

Сакам нешто да си кажам и на себе.

На таа жена што ја живееше бременоста и продолжи да сонува.

На таа мајка што се врати на натпреварување, доејќи до 18 месеци, меѓу непроспиени ноќи, исцрпеност и постојано спакувани куфери.

На таа спортистка која никогаш не пропушти тренинг, што ги стегаше забите кога беше тешко и секогаш избираше да се насмевне, затоа што беше смирена, затоа што знаеше каде оди.

Сакам да си кажам себеси: „Успеа“. 💪🏻

Томазо, ти си мојата сила.

ОВАА ОЛИМПИЈАДА Е ЗА ТЕБЕ.

Tags
Франческа Лолобриџида
Зимски олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо

Најнови

  • „Оваа Олимпијада е за тебе сине“: 35-годишна мајка освои злато во лизгање, нејзиното синче го украде шоуто со палавоста

    Thu, 02/12/2026 - 12:01
  • Џиџи Хадид се бакнува со Бредли Купер откако бившиот Зејн Малик призна дека никогаш не бил вљубен во неа

    Thu, 02/12/2026 - 10:43
  • Прекрасна: Моника Црнокрак блесна на Мис на Европа 2026, доби титула и честитки од татко ѝ Мики

    Thu, 02/12/2026 - 09:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.