Лила Филиповска елегантна во црвено на свадба, невестата Русинка заигра на „Македонско девојче“
Лила Филиповска мамеше погледи во атрактивно црвено издание на свадбена прослава, на која со својата елеганција и харизма беше меѓу најзабележителните гости.
Познатата водителка избра долг црвен фустан со префинет крој, кој одлично се вклопи со гламурозната атмосфера на веселбата. Со впечатливи аксесоари, внимателно стилизирана коса и препознатливата насмевка, Лила изгледаше отмено и самоуверено.
54-годишната македонска ТВ ѕвезда сподели и видеа од атмосферата на социјалните мрежи, а големо внимание привлече и моментот кога невестата, која е Русинка, заигра на песната „Македонско девојче“.