• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Кан за првпат патуваше сам без да е залепен за мама“: Ирена Лозана емотивна за првото големо патување на аутистичниот син

22 мај 2026, 19:43
  • cподели

Фудбалерите со попреченост од ФК Карпошово се вратија со медали, пехари и незаборавни спомени од меѓународниот турнир „Champions #FootbAll“, кој изминатиот викенд се одржа во Стара Пазова, Србија.

Настанот, организиран од КМФ Мунгоси и Фудбалскиот сојуз на Србија, обедини учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија и Италија. Преку спортски активности и заедничко дружење, младите играчи испратија силна порака дека фудбалот не познава граници и навистина им припаѓа на сите.

ФК Карпошово

Зад ФК Карпошово, кој е наменет за лица со Даунов синдром и лесна попреченост, стои тим од посветени професионалци кои со многу љубов и внимание работат со децата и младите, создавајќи безбедна средина во која тие се чувствуваат прифатени и сигурни.

Дека клубот нуди многу повеќе од спортски тренинзи, сведочи и искуството на Ирена Лозана, мајка на Кан, кој има аутизам. За Кан, турнирот претставуваше огромен личен успех, бидејќи за првпат отпатува сам преку граница, без својата мајка. Иако станува збор за голем чекор, Ирена вели дека не чувствувала страв, благодарение на одличната организација и професионалноста на стручниот тим, кој вклучувал лекар, дефектолог, тренер и асистент.

Во изјава за Фемина, Лозана ги сподели своите емоции за осамостојувањето на нејзиниот син:

„Кан првпат оди на ваков настан, а му е второ учество со тимот. Добро се разделивме, бидејќи тимот што беше со нив има и лекар и дефектолог и тренер и асистент. Кан беше навистина радосен што ќе оди. Јас искрено бев и радосна, ама некако како во меѓупростор... Она чувство кога нешто си замислувал дека ќе се случи, ама било толку далеку што веќе си престанал и да го мислиш. Дека детето само ќе појде некаде и ќе може да биде сигурно три дена и во хотел и на натпревар и по пат. Така што, убаво чувство во секој случај.“

Кан
Ирена Лозана со синот Кан
ФК Карпошово

Сторијата на Кан е најдобар доказ дека постоењето на клубови како Карпошово е од непроценливо значење, затоа што покажуваат дека спортот е простор за искрено пријателство, градење самодоверба и создавање еднакви можности за сите.

ФК Карпошово
ФК Карпошово
ФК Карпошово

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Ирена Лозана
аутизам

Најнови

  • Кан и ФП Карпошово

    „Кан за првпат патуваше сам без да е залепен за мама“: Ирена Лозана емотивна за првото големо патување на аутистичниот син

    Fri, 05/22/2026 - 19:43
  • Перо Антиќ со синот матурант

    „Гордост татина“: Најстариот син на Перо Антиќ е матурант

    Fri, 05/22/2026 - 18:15
  • Лила Филиповска елегантна во црвено на свадба, невестата Русинка заигра на „Македонско девојче“

    Fri, 05/22/2026 - 14:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.