• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ова е лицето на депресијата“: Жена апелира дека депресивните личности изгледаат како сите останати, но водат битка во себе

13 јули 2020, 11:11
  • cподели

Мери Кетрин Бексторм со текст за депресијата и анксиозноста ја подигнува свеста кај луѓето за овие состојби.

Популарната авторка и блогерка апелира да бидеме љубезни едни кон други, бидејќи никогаш не можеме да знаеме каква битка водат другите луѓе. Од свое искуство, таа тврди дека анксиозните и депресивни личности однадвор може да изгледаат среќни, весели, воздржани и стабилни, но внатрешно да имаат сомнежи и вина за сè што прават.

„Ова е лицето на анксиозноста и депресијата“ - пишува таа на своја фотографија.

Мери Кетрин Бексторм

Ова е лицето на анксиозноста и депресијата.

Можам да се смеам со сјај во очите. Можам да ги плеснам најдобрите шеги на друштвените настани. Можам да се социјализирам и да бидам душата на забавата, да склопувам пријателства и да оставам добар впечаток.

Можам да го правам сето тоа и да изгледа како да е лесно.

Но, вистината е дека кога станува збор за тоа, јас сум само патка.

За сите кои се над водата, јас изгледам кул и смирено и прибрано. Го држам под контрола мојот живот.

Но, вистината е дека веслам како луда непосредно под површината.

Она што не се гледа е дека се прашувам дали таа насмевка не беше премногу гласна. Дали шегата не направи да изгледам како идиот. Се прашувам дали сите луѓе со кои зборував на забавата ги превртуваа очите штом им го свртив грбот.

Над површината, сè е под контрола.

Под површината, јас сум тотално надвор од контрола.

Ова е лицето на анксиозноста и депресијата.

Ако сакав да ја импресионирам толпата, можев да цитирам мои публикации. Можев да ја нафрлам цифрата на моите следбеници или фактот дека имам потпишано да издадам книга со неверојатен агент за литература.

Ако сакав да ја импресионирам публиката, можев.

Но, ако треба да бидам искрена и ранлива, ќе признам дека мојот Синдром на натрапник ме држи во заложништво. Сигурна сум дека некој ден набрзо, моите следбеници, мојот издавач и мојот агент ќе се разбудат и ќе сфатат колку биле глупави што воопшто некогаш верувале во мене.

Ова е лицето на анксиозноста и депресијата.

Дома, моите деца се смеат, сопругот јаде топла вечера, а подот е чист и светнат.

Во моето срце, полна сум со сомнежи. Се прашувам како овој маж може воопшто да ме сака, а вината што имам жена за чистење прави да се чувствувам како патетично човечко суштество.

Се смеам, се кикотам и пишувам забавни приказни.

Децата ми се со добри манири и кариерата ми се движи во позитивна насока.

Но, веднаш под водата... точно под површината...

Скриена точно пред вашите очи, е личност која очајно се обидува да продолжи да плива.

Верувајте ми кога ви кажувам дека НИКОГАШ не ги знаете тивките битки кои другите луѓе ги водат. Никогаш нема да претпоставите кој од вашите успешни, атрактивни, богати, среќни или добро едуцирани пријатели тајно се бори со темнината и има болка.

Анксиозноста и депресијата се кријат веднаш под водата. Веднаш зад видикот. И нивните жртви изгледаат како сите други: вашиот доктор, вашата сестра, вашата омилена блогерка, вашиот отец, вашиот сопруг...

Пријатели, однесувајте се деликатно еден кон друг. Бидете грижливи, полни со разбирање и со љубезност.

Никогаш не знаете кој од нас очајно клоца под површината.

Tags
депресија
анксиозност

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.