• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Отворете го вашето срце: Да ѝ помогнеме на самохраната мајка Наташа Николовска да го победи ракот

20 април 2017, 11:00
  • cподели

Покажете ја вашата хуманост и помогнете ѝ на самохраната мајка Наташа Николовска да излезе како победник од најтешката битка во нејзиниот живот – битката со ракот на желудник.

39-годишната Скопјанка, која е мајка на 6-годишно синче, минатата година го изгуби својот сопруг, а на почетокот од месецов открила дека боледува од рак. Пред десетина дена на Наташа ѝ била направена операција, но таа мора да го продолжи лекувањето со озонска терапија во болницата „Филип Втори“, за што ѝ се потребни 12.000 евра, за кои верува дека ќе ги собере со помош на хуманите граѓани.

Наташа НиколовскаНаташа со синот Марио

Пред неколку дена, преку својот профил на Facebook, храбрата мајка ги повика сите хумани лица да ѝ помогнат:

Доколку сте во можност да ѝ помогнете на Наташа, тоа можете да го направите на:

Телефоните за донации:

  • TELEKOM: 070 143 117
  • ONE: 075 143 474
  • VIP: 077 143 474
  • Жиро сметката за донации денес ја сподели Боки Јовановски, кој откри дека разговарал со Наташа и дека ѝ ветил дека лично ќе се погрижи таа да ги добие потребните средства ако не успее да ги собере со донации од граѓаните. Еве ја неговата објава:

    Жиро сметка:
    Стопанска банка А.Д. Скопје: 200000243879720
    Наташа Николовска

    За Фокус, Наташа ја раскажа својата трогателна приказна и како ѝ се променил животот за само една година.

    „Кога заврши 2016 година, мислев дека ја затворив најтешката врата зад себе. Таа година го изгубив сопругот, имаше само 43 години, го покоси разорен инфаркт. Ми се сруши светот, имавме убав живот, среќен брак, љубов… Се обидов да продолжам понатаму, ја насочив целата моја љубов и енергија кон синчето Марио. Но, не било така. Најтешката врата не беше затворена…“

    „На почетокот на април, на денот на мојот роденден, ја дознав дијагнозата – рак на желудникот. Неверување, шок… Но Марио, тој е тука, и јас немав време да мислам на ништо лошо. Цврсто сум убедена дека ова ќе остане зад нас, имам сили да се борам, тврдам дека ќе излезам како победник“ – раскажала Наташа, која верува дека ќе успее да се избори со болеста за својот син Марио.

    МариоМарио

    Најнови

    • Брус Вилис

      Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

      Fri, 11/21/2025 - 13:00
    • Мис Универзум

      „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

      Fri, 11/21/2025 - 12:30
    • Бранкица Миновска

      Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

      Fri, 11/21/2025 - 10:40
    • Маркетинг
    • Импресум
    • Услови за користење
    • Приватност
    • RSS

    © 2025 Femina.mk. Сите права задржани

    Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
    За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.