• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Отворен ултра модерен Телеком салон во Skopje City Mall

4 октомври 2012, 14:45
  • cподели

Со отворањето на најголемиот трговски центaр кај нас, Skopje City Mall, денес Т брендот го промовираше новиот продажен салон, кој е единствен од овој тип во регионот, а трет по ред во рамки на целата Дојче Телеком групација. Салони од ваков тип досега беа отворени единствено во Унгарија, а по Македонија следуваат Холандија, Германија и Хрватска.

Телеком продажен салонМакедонија е втора земја во Европа која може да се пофали со ултра модерниот и комплетно интерактивен Телеком салон Телеком продажен салонВо салонот е вградена најмодерна технологија

„Денес ги отворивме вратите на локација која ни ја приближува иднината на технологијата и ја прави достапна за сите посетители. Овој продажен салон ни носи динамичност и единствено мултимедијално искуство, но во исто време ни нуди комфор и решенија адаптирани за наше секојдневно функционирање. Во салонот е вградена најмодерна технологија која нè носи чекор напред во еволуцијата на мобилните податочни услуги. Целта на оваа наша инвестиција е на секој посетител да му овозможиме со себе да понесе модерно и футуристичко доживување, да бидеме единствени со понудата и со најдобри кориснички сценарија“ – изјави Огнен Фирфов, Раководен директор за продажба.

Телеком продажен салонНовиот продажен салон на Т брендот е единствен од ваков тип во регионот

Телеком продажниот салон е исполнет со моќни технолошки уреди и алатки – место каде можат да се доживеат од прва рака последните телекомуникациски решенија. Просторот му овозможува на секој посетител на побрз и поедноставен начин да се запознае со MaxTV пакетите и различните ТВ апликации, да дознае кои се придобивките од оптиката како најнапредна технологија, да ги проба најмодерните мобилни телефони и таблети, како и сите услуги и продукти на Т-Home и T-Mobilе. Дополнително, ултра модерниот и футуристички дизајн нуди интерактивно истражување и забава за секој посетител.

Новоуредената продажна локација на Т-Мобиле и Македонски Телеком во Skopje City Mall е резултат на заложбата за постојано подобрување на Телеком продажните салони согласно современите потреби и барања на корисниците.

Телеком продажен салон Телеком продажен салон

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.