• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Останав со половина срце“: Потресна објава на братот-близнак на 16-годишниот џудист од Србија кој загина во сообраќајка

4 ноември 2025, 12:11
  • cподели

Тагата ја обви Србија и целата спортска јавност по трагичната смрт на Лазар Павловиќ во сообраќајна несреќа со комбе на автопатот Нови Сад – Белград.

Сепак, никој не тагува толку многу како неговото семејство, а посебно неговиот брат-близнак, кој беше со него во комбето. За среќа, тој преживеа, но сега, како што вели, остана „со половина срце“.

Лазар Павловиќ Лазар Павловиќ

Лука Павловиќ, се збогуваше со 16-годишниот Лазар со потресна објава на социјалните мрежи, која го крши срцето:

Мој најмил брате,

Родени сме во истата минута, заедно поминавме 16 години, 4 месеци и 25 дена исполнети со насмевки, солзи, соништа и борби.

Од летото 2014 година го започнавме заедничкиот пат во тренирање џудо. Таму, рамо до рамо, учевме што значи да се биде храбар, истраен и непоколеблив во потрагата по целите кои ги делевме.

Но, една судбоносна ноќ, на 29 октомври, светот ми се сруши: тебе ангелите те повикаа пред да успееме да ги оствариме сите наши планови. Останав овде, сега со половина срце, обидувајќи се да најдам смисла без твојата насмевка која некогаш ми даваше сила.

Секој мој здив сега го носи твоето име. До секој мој успех ќе доаѓам со желба да ти покажам дека твоето место во моето срце не е празно, туку исполнето со вечна благодарност.

Се молам да си на некое подобро место, со ангелите, и се надевам дека од височина нè чуваш мене, мама и тато, како што ние меѓусебно се чувавме во нашиот краток, но бескрајно драгоцен живот.

Заради тебе, секој предизвик ќе го гледам како поттик да продолжам понатаму, да останам на патот кој го започнавме заедно и за нас да стигнам до нашата цел. Твојата храброст, твојата вера и твојата љубов ќе се вплетат во секој мој чекор.

Вечна ти слава, брате мој, и почивај во мир. Додека дишам, ќе бидам твој одраз, твои очи, твоја насмевка, твоја сила. Те сака засекогаш твојот брат, Лука.“

Лазар Павловиќ Лазар Павловиќ

Пред три дена, на 1 ноември, илјадници луѓе се собраа да му оддадат последна почит на Лазар на неговиот погреб во Белград.

Несреќата се случила на автопатот Белград – Нови Сад, кога комбето со кое патувале членовите на Џудо клубот „Партизан“ ја пробило заштитната ограда и паднало во канал. Во возилото имало уште седум малолетни џудисти и возачот.

Лазар починал на лице место, а неговиот брат-близнак и уште шест деца биле повредени. Нивниот тренер, кој управувал со возилото, е во куќен притвор поради оваа трагедија.

Момчињата се враќале од меѓународен џудо турнир во Азербејџан.

Лазар Павловиќ

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.