• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Останав без зборови“: Соња од Кавадарци за предлогот за брак од саканиот Александар во Барселона

25 мај 2026, 21:35
  • cподели

Романтика, глетка од која застанува здивот и прстен... Заљубен пар од Кавадарци го претвори своето патување во Шпанија во едно од најубавите поглавја од љубовната приказна.

Додека за Соња Ралева посетата на прекрасната Барселона била само ново незаборавно доживување, нејзиниот партнер Александар Димков со недели во тајност подготвувал изненадување кое им го промени животот.

Вљубениот Македонец ја запроси саканата на фасцинантна локација со поглед на величествената црква Саграда Фамилија - место кое го избрал со симболична порака за почеток на нивното идно семејство. Покрај романтичните детали со црвени рози и свеќи, Александар постави и натпис на кој пишуваше: „Ќе бидеш ли моја засекогаш?“.

Среќниот пар ни сподели детали за романтичното запросување, возбудата, но и малата паника која претходела на овој незаборавен момент.

„Барселона ја избрав бидејќи отсекогаш ми беше желба да ја посетам, има посебна атмосфера, романтика и прекрасни места како Саграда Фамилија која не ја избрав случајно.

Освен што е едно од најубавите места во Барселона, самото име 'Фамилија' за мене имаше посебно значење, бидејќи токму таму сакав да го започнеме нашето идно семејство. Сакав тоа да биде место кое ќе има посебно значење за нас и засекогаш ќе нè потсетува на овој момент.“ - раскажа Александар за Фемина.

„Организирав во тајност недела-две пред патување, но најтешко беше да не откријам ништо пред Соња“ - призна тој.
 

Низ возбуда и под силни импресии, Соња ни откри дека предлогот за брак бил тотално изненадување за неа:

„Искрено, воопшто не почувствував дека Александар подготвува запросување. За мене патувањето беше само уште едно наше прекрасно заедничко доживување, па затоа моментот ме изненади целосно. Кога сфатив што се случува, останав без зборови – бев пресреќна, возбудена и многу емотивна во истиот момент. Тоа беше чувство кое тешко се опишува“.

Пресреќната девојка убавата вест најпрво ја споделила со своето семејство, а потоа и со блиските пријатели.

„Најпрвин се јавив на моето семејство, а веднаш потоа фотографиите ги споделив и со најблиските пријатели. Сите беа пресреќни за нас и тој момент ќе го паметиме засекогаш“ - дополни таа.

Најнови

  • „Останав без зборови“: Соња од Кавадарци за предлогот за брак од саканиот Александар во Барселона

    Mon, 05/25/2026 - 21:35
  • „Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи“: Сопругата на Ристе Велков со трогателни пораки за него и синот Адам по нивната смрт

    Mon, 05/25/2026 - 20:50
  • Македонската манекенка Маја Глигоровска ѕвезда во две креации на ревија во Кан: „Беше огромна чест“

    Mon, 05/25/2026 - 18:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.