• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Остана без родители и со финансиски проблеми, се коцкаше... Македонецот Бојан Илиевски победи во „Ѕвездите на Гранд“

22 јуни 2026, 09:22
  • cподели

Болката, загубите и животните искушенија не го скршија Бојан Илиевски. Напротив, му дадоа сила да продолжи напред и да се избори за својот сон.

25-годишниот пејач од Македонија победи на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, откако во големото финале ја доби најголемата поддршка од публиката и освои повеќе од 50.000 СМС-гласови.

Неговиот триумф предизвика големи емоции низ целиот регион, а особено во Македонија, на која ѝ ја донесе четвртата победа во најпопуларното музичко натпреварување на Балканот. Во финалето, Бојан настапи со емотивната песна „Ако утре ме нема“ од ДНК, посветувајќи ја изведбата на трагично загинатите членови на бендот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Но, зад победничката насмевка на Бојан се крие тешка животна приказна. Уште на млада возраст останал без двајцата родители. Неговиот татко се борел со тумор на мозокот, додека мајка му починала по тешка болест. 

Во периодот кога семејството минувало низ најтешките денови, се соочувале и со сериозни финансиски проблеми. Во најтешките денови, додека се молел само да го види татко му жив, во домот имале само 50 евра.

По загубата на родителите, најголема поддршка на Илиевски му станала неговата баба, која беше покрај него и за време на натпреварувањето.

Во текот на шоуто, Бојан отворено зборуваше и за проблемот со коцкањето. Разочаран од животот, престанал да работи и тргнал по погрешен пат, а во еден момент бил подготвен и да се повлече од натпреварувањето. Сепак, успеал да се соочи со зависноста и да ја остави зад себе.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Telegraf.rs / JetSet (@telegraf_jetset)

И покрај сите предизвици, Бојан никогаш не се откажал од музиката. Завршил основно и средно музичко образование, а студирал и на Музичка академија во Словенија. Неговата животна приказна е доказ дека и по најтешките падови може да следува голем подем.

Tags
Бојан Илиевски
Ѕвездите на Гранд

Најнови

  • „На 5-6 години правам голема грешка. Наоѓам дома некакви пари и ги крадам...“: Слаткар откри како го доби својот прекар

    Mon, 06/22/2026 - 09:29
  • Остана без родители и со финансиски проблеми, се коцкаше... Македонецот Бојан Илиевски победи во „Ѕвездите на Гранд“

    Mon, 06/22/2026 - 09:22
  • „Стравот кој го почувствував за животот на своето дете остави длабока трага“: Маја Андоновска Илијевски за мајчинството, актерството и стилот

    Mon, 06/22/2026 - 08:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.