• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Органска исхрана што не мора да чини многу - секојдневни избори со dmBio

3 февруари 2026, 13:43
  • cподели
dmBio

Грижата за здравјето и свесниот однос кон природата сè почесто започнуваат од чинијата, преку изборот на квалитетна, природна и внимателно одбрана храна. Органската исхрана денес не мора да биде недостапна или скапа, туку може лесно да стане дел од секојдневието и од семејната трпеза. Токму затоа, со повеќе од 400 сертифицирани органски производи од сопствената марка dmBio, dm нуди богата, разновидна и внимателно селектирана понуда по секогаш поволни цени.

Сите dmBio производи се произведени според најстроги стандарди за органско производство, без вештачки бои, ароми и конзерванси, со внимателно одбрани состојки кои го зачувуваат природниот вкус и висок квалитет. Изборот е широк и практичен, а од понудата на dmBio издвојуваме и четири производи кои се идеални за секојдневна употреба и лесно се вклопуваат во динамичниот ритам на модерното секојдневие.

Крупни овесни снегулки

Крупните овесни снегулки dmBio се подготвени од цели зрна овес кои се обработуваат на пареа и потоа се мелат, со што се зачувуваат нивните важни нутритивни вредности. Совршени се за подготовка на хранлив појадок, како мусли или овесна каша, но и како состојка во колачи, бисквити или вегетаријански плескавици. Производот е вегански и претставува одличен извор на енергија за почеток на денот.

Крупни овесни снегулки dmBio
Органски овесен напиток

Овој органски напиток на база на овес се одликува со благ и природен вкус. Природно е без лактоза и млечни протеини, без додаден шеќер, а шеќерите кои ги содржи се со природно потекло. Идеален е за консумирање самостојно, во кафе, мусли, смути, како и за готвење и печење слатки јадења.

Овесен напиток dmBio
Органска палента 

dmBio палентата е органски производ направен исклучиво од нежно мелено зрно пченка, без дополнителни состојки. Како инстант пченкарен гриз, таа е практична и брза за подготовка, а може да се користи како прилог, вариво или како основа за солени и слатки рецепти. Благодарение на својот чист состав и органско потекло, палентата е едноставен и здрав избор за секојдневната кујна.

Органска палента dmBio
Органски наут

Органскиот наут dmBio се одликува со блага, јаткаста арома и цврста текстура, што го прави идеален за подготовка на салати, варени јадења и јадења од зеленчук. Особено е погоден како база за хумус и кремасти намази. Произведен од органски наут, станува збор за вегански производ и практичен избор за сите кои сакаат балансирана и разновидна органска исхрана.

Органски наут dmBio

Со dmBio, органската храна станува дел од секојдневието - квалитетна, разновидна и по секогаш поволни цени, a повеќе може да дознаете на веб-страницата на dm. 

Tags
dm

Најнови

  • Здравко Чолиќ

    Фрлена бомба на домот на Здравко Чолиќ, ќерка му била внатре, нема повредени

    Tue, 02/03/2026 - 15:27
  • Новак Ѓоковиќ ја исполни животната желба на девојче кое преживеа леукемија, се сретнаа пред финалето на АО

    Tue, 02/03/2026 - 14:11
  • Реплек во Обединетото Кралство

    „Реплек“ пробива на строгиот британски пазар: Реконазол, прв лек на компанијата регистриран во Обединетото Кралство

    Tue, 02/03/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.