Октај Сејди го покажа мускулестото тело во Тајланд како наш претставник на Mister International
Октај Сејди моментално престојува во Тајланд, каде ја претставува Македонија на Mister International 2026.
Македонскиот стилист постојано споделува моменти од натпреварувањето, а на најновите Instagram фотографии тој го покажува своето мускулесто тело.
„БЛАГОДАРАМ НА ПОДДРШКАТА
Постојано добивам пораки и ве чувствувам како да сте до мене, па дури и на 12.000 км далечина“ – стои во описот на една објава од Октај.
Пред заминувањето, Октај во интервју за Фемина сподели дека чувствува голема одговорност да застане под македонското знаме на меѓународна сцена.
„Искрено бев и сум превозбуден, затоа што не одам само како Октај Сејди, туку како Мистер Македонија и имам должност да ја претставам нашата земја во најдобро светло. Тоа ме радува. Светот ќе слушне за нас и ќе направам максимум што можам“ - рече тој.
Големото финале на Mister International 2026 е закажано за 26 септември.