• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“ во поддршка на здравите животни навики

29 мај 2023, 13:00
  • cподели

Ниту променливото време и најавите за дожд не ги спречија граѓаните вчера по седми пат масовно да излезат на скопските улици со своите алтернативни превозни средства за да бидат дел од настанот „Вози право, вози здраво“. Веќе традиционалниот настан во организација на Стопанска банка АД-Скопје обедини 8.000 учесници од сите возрасни категории кои дојдоа со своите велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, а некои и со колички за бебе, па релаксирано се возеа од Порта Македонија до Градскиот парк и ја поддржаа мисијата на Стопанска банка за промоција на велосипедот како урбана форма на транспорт, со цел стекнување здрави навики и подобра животна средина.

Вози право, вози здраво Вози право, вози здраво

Настанот почна во 11 часот од Порта Македонија, од каде што долгата, непрегледна колона учесници ги „зазеде“ градските улици кои вчера беа целосно ослободени од автомобили. Насмевките и задоволството се читаа на лицата на сите. На финишот во Градски парк учесниците ги пречека освежување, сладолед и грицки како и голема забава со водителите Игор, Дени и Цако, со омилените јунаци од 5+ Фамилија, бројни активности реализирани од Баскерфест како улични акробати, спортски активности, артисти, музикa, но и многу подароци и вредни награди од богатата лотарија.

На најсреќните учесници на „Вози право, вози здраво“ им беа доделени 50 награди и тоа вредносен ваучер од 12. 000 денари кој како прва награда го обезбеди Град Скопје, а на настанот го додели генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Потоа следуваа 49 награди од Стопанска банка, односно 7 велосипеди за возрасни Specialized, 7 детски велосипеди Specialized, 7 кациги Specialized, 7 Air pods, 7 Garmin часовници, 7 спортски ранци и 7 JBL слушалки.

Вози право, вози здраво Вози право, вози здраво

Дел од посетителите добија над 200 утешни награди, како маици, ТОПСИ платенени торби и шишиња за вода.

Како и секоја година, Стопанска банка го заокружува изданието на „Вози право, вози здраво“ со донација за изградба и одржување на велосипедската инфраструктура, активности што ќе ги најави и реализира повторно во соработка со Град Скопје. Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ резултираше со донација за 15 средни училишта во Скопје кои Стопанска банка ги опреми со модерни паркинзи за велосипеди наменети за учениците и вработените во училиштата. Од изминатите изданија на настанот, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон и ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack. Секако, Банката делува и надвор од овие донации опремувајќи ги сите свои филијали со паркинзи за велосипеди кои се достапни на јавноста за постојана употреба.

Вози право, вози здраво Вози право, вози здраво Вози право, вози здраво Вози право, вози здраво

„Вози право, вози здраво“ е настан кој масовно ја шири велосипедската култура и ги промовира алтернативните начини на превоз во урбани средини со кои се чува животната средина. Мисијата на Стопанска банка не завршува со овој настан, туку трае во текот на целата година преку серија активности насочени кон зачувување на здравата животна средина.

Tags
Вози право
вози здраво

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.