• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Охрид е срцето на Македонија“: Дуке Бојаџиев со апел за спас на Охридското езеро, публиката запали 1.076 свеќи

9 август 2019, 10:35
  • cподели

Дуке Бојаџиев упати моќен апел за спас на Охридското езеро.

Успешниот музичар го посвети својот концерт на „Охридско лето“ за да ги повика одговорните лица да направат сè што можат за да го заштитат овој прекрасен македонски бисер.

концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев

Тој ја замоли публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните.

Гореа вкупно 1.076 свеќи за спас на Охрид и крајбрежјето додека Дуке премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот. „Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” – рече тој.

концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев

„Потекнувам од Скопје, но уште од дете, повеќе се чувствувам како дома во Охрид отколку во Скопје. Охрид е срцето на Македонија. Настапувањето во Охрид секогаш претставува голема возбуда за мене затоа што чувствувам некаква енергетска поврзаност со езерото, со градот, па и со луѓето бидејќи имам огромен број пријатели овде, и тоа пријателства што ги негувам уште од детството“ – вели Бојаџиев.

ВИДЕО

На концертот заедно со Бојаџиев настапија и неговите долгогодишни соработници и чести гости на концертите, Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Костас Анастасиадис на тапани, како и актерката Наташа Петровиќ, вокал и нарација. Ова единствено музичко доживување беше збогатено и со гостувањата на македонската ѕвезда Каролина Гочева, Бранко Николов од Фолтин и гитаристот Георги Шарески.

На концертот присуствуваше и Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета.

концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев концертот на Дуке Бојаџиев

Имено, на Охрид и крајбрежјето им се заканува опасност од губење на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО, нешто што речиси исклучиво се случува само со културните и природните наследства под заштита на УНЕСКО кои се наоѓаат во региони погодени од војни или природни катастрофи.

Во случајот на Охрид и крајбрежјето, најголема закана се регистрираните дивоградби, а клучниот услов за ова да не се случи е нивно отстранување и воведување на мораториум на градење сè до донесување на интегриран план за управување со Охридскиот регион.

Tags
Дуке Бојаџиев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.