• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ограбена куќата на Ејми Вајнхаус

11 август 2011, 09:49
  • cподели

Само неколку дена по смртта на познатата пејачка Ејми Вајнхаус, од нејзиниот дом исчезнале некои од нејзините најлични предмети, како книги со текстови за песни, необјавен музички материјал и писма.

Таткото на Ејми, Мич Вајнхаус, верува дека некој близок познаник ги украл конкретните предмети, затоа што само 20 лица имале пристап до куќата.

Ејми Вајнхаус

Мич, кој во моментов е на семеен одмор за да може полесно да се справи со ненадејната смрт на Ејми, изјавил дека кога ќе се врати ќе направи сè што е можно за да ги врати личните работи кои неговата ќерка ги остави зад себе.

Исто така, менаџментот на Ејми не може да ја пронајде нејзината омилена гитара, како и текстовите за нејзиниот трет албум.

„Ова е голем шок за семејството. Не можат да разберат како некој може да падне толку ниско“ – изјавил близок на семејството за The Sun. Мич ВајнхаусЛево: куќата на Ејми. Десно: Мич Вајнхаус

„Мич е подготвен да му даде шанса на оној што ги украл предметите да го направи правилното нешто и да ги врати назад“ – дополнил анонимниот извор.

Ејми Вајнхаус почина во својот дом на 27-годишна возраст. Сè уште не се познати точните причини за смртта.

Tags
Ејми Вајнхаус

Најнови

  • „За уште поголеми успеси во животот најмила наша“: Петар Горко горд татко на матурата на ќерката Јована

    Tue, 05/26/2026 - 22:25
  • Кристина Мукаетова на Women in Tech Macedonia Awards

    „Млади, верувајте во себе!“: Кики Мукаетова прими Women in Tech награда од претседателката Сиљановска-Давкова

    Tue, 05/26/2026 - 19:00
  • „Нашата најголема љубов и гордост“: Синот на Елизабета Ѓоргиевска и Стево Пендаровски најдобро дипломиран студент на ФЕИТ

    Tue, 05/26/2026 - 14:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.