Ејми Вајнхаус продолжува да живее преку својата музика. Постхумно е објавен видео записот за нејзиниот најнов сингл „Our Day Will Come“. Погледнете го тука.
Ејми Вајнхаус починала од преголемо количество алкохол, покажала официјалната истрага. Во моментот на смртта во крвта на познатата пејачка имало пет пати повеќе алкохол отколку законски дозволеното количество за возачи во Велика Британија.
Музичкото видео на Ејми Вајнхаус и Тони Бенет за песната „Body And Soul“ ја доживеа својата премиера. Спотот беше објавен денес, кога Ејми требаше да наполни 28 години. Погледнете го тука.
Само неколку дена по смртта на познатата пејачка Ејми Вајнхаус, од нејзиниот дом исчезнале некои од нејзините најлични предмети, како книги со текстови за песни, необјавен музички материјал и писма.
Ејми Вајнхаус имаше уникатен стил на облекување кој го споделуваше преку своите колекции за брендот Фред Пери. По нејзината ненадејна смрт, модниот бренд реши да ја објави и нејзината последна недовршена колекција. Погледнете ја тука.
Ејми Вајнхаус денес беше пронајдена мртва во својот дом во Лондон. Сè уште не се познати причините за смртта на 27-годишната пејачка која се прослави со својот уникатен глас.
Настапот на Ејми Вајнхаус во Белград дефинитивно може да се нарече најлошиот концерт којшто белградската публика го видела. Проблематичната Ејми, очигледно под дејство на алкохол, се бореше да стои на нозе и да се присети на текстовите на своите песни. Погледнете дел од настапот.