• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Официјално: Се укинува обврската за носење на маски на затворено

12 април 2022, 13:44
  • cподели

Носењето маски на затворено станува личен избор.

На денешната редовна седница, Владата ја укина обврската за носење маски во затворени простории со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.

КОВИД

Владата на Република Северна Македонија на 37-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).

Според овие препораки, Владата го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост.

Во врска со оваа точка, иако се укинува носењето маски во затворен простор, Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65-годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

Согласно препораките се укинува обврската за задолжителното носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

Меѓу мерките што се укинуваат е и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Tags
КОВИД-19

Најнови

  • Давид Темелков на „Макфест“

    „Имаш еден дом“: Давид Темелков со емотивна балада и силен вокал изнуди громогласен аплауз на „Макфест“

    Sun, 11/01/2026 - 20:40
  • Врчак и Симона Поповска на „Макфест“

    Впечатливо дуо: Врчак се врати на „Макфест“ по повеќегодишна пауза со „Сонце по дожд“ со Симона Поповска

    Sun, 11/01/2026 - 19:15
  • Антониа Гиговска на „Макфест“

    „Кога те нема“, „Сонце за три светови“, „Жена“… Настапот на Антониа Гиговска на „Макфест“ кој ја восхити публиката (ВИДЕО)

    Sun, 11/01/2026 - 17:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.