• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Официјално: Електрични тротинети само над 18 години, нема возење по двајца и брзина до 20 км на час

30 јуни 2026, 15:22
  • cподели
Електричен тротинет

Собранието по скратена постапка ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

Со стапувањето на сила на овие измени, управувањето со електричен тротинет ќе им биде дозволено исклучиво на лица над 18 години, со што целосно се забранува малолетници да ги користат овие возила во јавниот сообраќај.

Максималната брзина се ограничува на 20 километри на час, а се забранува и превезување на сопатник. 

Предвидени се и поголеми глоби за сериозни прекршоци како пречекорување на дозволената брзина, возење под дејство на алкохол, превезување на друго лице и управување од страна на малолетно лице, а освен глобата, се остава и можност за одземање на тротинетот.

Целта на мерките е да се стави крај на сообраќајниот хаос поврзан со микромобилноста, да се намали бројот на сообраќајни незгоди и да се заштитат сите учесници во сообраќајот, со особен фокус на безбедноста на младите.

Никола Мицевски, еден од иницијаторите за законски измени, објави:

Денес го изгласавме Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 🛴

Со новите измени воведуваме поголема безбедност и ред на патиштата, особено кога станува збор за лесните електрични возила (тротинети):

✅ Прецизна законска дефиниција за „лесно електрично возило“, усогласена со европските препораки и компаративните искуства во регионот

✅ Зголемена старосна граница – само лица над 18 години ќе можат да управуваат со лесно електрично возило

✅ Построги казни за непрописно возење – пречекорена брзина, возење под дејство на алкохол, превезување друго лице или малолетно лице зад управувачот

✅ Привремено одземање на возилото до 30 дена за најтешките прекршоци, дополнително на глобата
Целта е јасна – да се намалат сообраќајните незгоди и да се заштитат сите учесници во сообраќајот, особено младите.

Tags
електричен тротинет

Најнови

  • Електричен тротинет

    Официјално: Електрични тротинети само над 18 години, нема возење по двајца и брзина до 20 км на час

    Tue, 06/30/2026 - 15:22
  • „Тажно е што веќе те нема, а требаше уште толку многу да си кажеме“: Весна Писаровиќ и Бајага емотивно се простија од Владо Јаневски

    Tue, 06/30/2026 - 14:00
  • Ѓорѓи Колозов

    „Добредојдовте кај дедо Боже!“: Анегдотата за Ѓорѓи Колозов која и денес се раскажува во Велестово

    Tue, 06/30/2026 - 12:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.