• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Од тинејџерска љубов, до свадба од соништата: Битолчаните Ана и Игор кои живеат во Њујорк се венчаа во Струга

27 август 2026, 09:30
  • cподели

Да се изгради успешен живот во Њујорк е предизвик сам по себе, но да се испланира совршена свадба во родната Македонија директно од американската метропола бара вистинска визија... и малку иновација.

Битолчаните Ана и Игор ја крунисаа својата 17-годишна врска со спектакуларна свадба во струшкиот комплекс „Изгрев“, собирајќи ги најблиските на незаборавна прослава. 

Во интервју за Фемина, Ана открива како изгледало организирањето свадба од далечина, зошто венчаницата со потпис на Валдрин Сахити крие посебна приказна, но и како со љубов и малку технологија успеале да ги остварат своите соништа.

„Сакавме овој важен момент да го споделиме дома, со луѓето кои се дел од нашата приказна уште од самиот почеток“ – изјави Ана.

Со вашиот сопруг Игор градите живот во динамичниот Њујорк, но за свадбениот ден одбравте да се вратите дома. Како започна вашата заедничка приказна во „Големото јаболко“ и кои се вашите омилени моменти кога сте таму?

Со Игор сме заедно уште од времето кога живеевме во Македонија. Веќе 17 години ја градиме нашата заедничка приказна, а животот во Њујорк за нас беше само продолжение и едно ново поглавје на нешто што започна уште во нашите тинејџерски години.

Во изминатите десет години овде изградивме заеднички живот и многу го цениме сето она што Њујорк ни го овозможи. Благодарни сме за професионалните можности што ги добиваме преку нашата работа, а особено ни се допаѓаат динамиката, енергијата и брзото темпо на градот.

Сепак, нашите најблиски пријатели и семејствата се во Македонија. Токму затоа, за нас никогаш немаше дилема каде ќе ја прославиме нашата свадба. Сакавме овој важен момент да го споделиме дома, со луѓето кои се дел од нашата приказна уште од самиот почеток.

Свадбата се одржа во прекрасниот амбиент на комплексот „Изгрев“ во Струга. Зошто се одлучивте токму за оваа локација и колку беше предизвикувачки да се организира сè од далечина?

Сите одлуки поврзани со свадбата моравме да ги носиме од Њујорк, без можност лично да ги посетиме локациите и на лице место да одлучиме што најмногу ни одговара. За среќа, мојата сестра, која е архитект и професионален дизајнер на ентериер, ни го препорача Хотел Изгрев.

Одлуката ја донесовме земајќи предвид неколку работи што ни беа особено важни: изгледот и атмосферата на просторот, неговата локација, капацитетот, како и можностите што ги нуди за организација на свадба каква што ја замислувавме.

Посебно би сакала да го истакнам персоналот на Хотел Изгрев, кој во текот на целата подготовка беше исклучително професионален, услужлив и посветен. Нивниот пристап значително ни ја олесни целата организација и ни даде чувство на сигурност, што за нас беше особено важно бидејќи најголемиот дел од подготовките ги правевме од далечина.

Кога организирате свадба во татковината, а живеете во странство, природно е да сакате секој детаљ да биде совршено испланиран. Баравме алатка, апликација или дури и професионална услуга што ќе ни помогне целата организација да ја поставиме на едно место, но не успеавме да најдеме решение што целосно одговараше на нашите потреби.

Токму затоа Игор, потпирајќи се на своето 23-годишно професионално искуство, создаде целосен софтверски систем кој ги опфаќа практично сите аспекти на организацијата на една свадба. Сè започнува со електронски покани преку кои гостите можеа да го потврдат своето присуство, да го изберат оброкот и да внесат информации поврзани со сместувањето и превозот. Потоа, сите тие податоци беа поврзани со распоредот на оброци за кујната, планот за седење на гостите, деталниот распоред на целиот свадбен ден, како и со буџетот и следењето на трошоците.

Желбата да создадеме свадба која ќе биде не само убава, туку и беспрекорно организирана, го поттикна Игор да го развие целиот овој концепт. Се надеваме дека во иднина ова решение ќе може да им помогне и на многу други парови полесно, поорганизирано и со помалку стрес да ја создадат свадбата за која отсекогаш сонувале.

Изгледавте фантастично на вашиот голем ден, а особено привлече внимание венчаницата со потпис на познатиот дизајнер Валдрин Сахити. Како изгледаше процесот на избор и соработка за оваа атрактивна креација?

Веќе подолго време ја следев работата на Валдрин Сахити и отсекогаш знаев дека, кога ќе дојде денот за мојата венчаница, ќе сакам таа да биде негов дизајн.

Моделот во кој се вљубив беше од една негова постара колекција, па на пробата отидов со надеж дека ќе пронајдам нешто слично. За среќа, во нивното складиште сè уште имало една верзија од тој фустан, иако била во многу лоша состојба и практично веќе не била наменета за пробување. Кога слушнав дека сепак постои, инсистирав да го пробам.

Ја имав визијата уште пред да го облечам, а во моментот кога го пробав, едноставно знаев дека тоа е тој фустан. На крајот внесов и неколку свои детали, особено со промената на наметката, со цел целиот изглед да биде побогат, елегантен и истовремено модерен и шик.

Кога ќе се потсетите на целата организација, од првичните идеи па сè до првиот танц во Струга, кој беше мигот кој засекогаш ќе ви остане во сеќавање?

Веќе десет години живееме во странство и секое враќање дома за нас носи посебно чувство. Но овојпат беше поинаку. Свадбата беше прекрасен повод повторно да ги собереме на едно место околу 320 луѓе кои ни се исклучително блиски и кои одвоија време да бидат со нас и да ја прослават нашата љубов.

За нас тоа беше навистина посебно и еден од оние моменти што засекогаш ќе останат во сеќавање.

Најмногу ќе ја паметиме енергијата на нашите гости, од најмладите до највозрасните, кои играа и славеа со нас до доцна во ноќта. Чувството да ги видиме сите генерации обединети во радост и заедничка прослава беше бесценето и токму тоа ја направи нашата свадба толку незаборавна.

Што би им препорачале на други парови кои живеат во странство, а планираат да ја организираат својата свадба од соништата дома?

Пред сè, имајте јасна визија и план за тоа што сакате и не прифаќајте „не“ како конечен одговор уште на самиот почеток. Верувајте во својата идеја и борете се за неа, затоа што со добра организација и вистинските луѓе околу вас, навистина многу работи се возможни.

Јас сум личност која многу сака организација и токму затоа би им препорачала на идните младенци да не се обидуваат сè да прават рачно. Денес постојат начини многу од процесите да се поедностават и подобро да се поврзат меѓусебно.

Секако, секој што сака може слободно да ни се обрати и со задоволство ќе му го претставиме софтверот што нам ни ја олесни целата организација и ни помогна нашата визија да ја претвориме во свадбата за која сонувавме.

Tags
свадба

Најнови

  • Јелена Томашевиќ занесна убавица во колоритна креација во Сараево пред големиот концерт со Иван во Охрид

    Thu, 08/27/2026 - 09:50
  • Од тинејџерска љубов, до свадба од соништата: Битолчаните Ана и Игор кои живеат во Њујорк се венчаа во Струга

    Thu, 08/27/2026 - 09:30
  • Анета Љумаковска гламурозна на Охрид Фест покрај сопругот и бендот откако освоија прва награда

    Thu, 08/27/2026 - 08:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.