• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Од непостапување – до погребување“: Протест против насилството врз жените по убиството на Росица

19 септември 2025, 07:00
  • cподели

„Од оглувеност на крици – слушаме лелеци“, „До кога вака?“, „Не врти глава пред насилство“, „Каде да се обратиме кога системот нè убива?“, „Не уште една – доста е!“, „Од непостапување – до погребување“... Ова се дел од пораките на транспарентите на протестот кој вчера се одржа во Скопје.

Граѓани и активисти излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство од, како што велат, колективниот крах на системот и игнорантниот однос на институциите, кои со своето недејствување дозволуваат континуирано насилство врз жени што завршува со фемициди.

Под мотото „Ниту една повеќе!“, толпата тргна од Министерството за внатрешни работи и се упати кон Жена Парк Борец.

Повод за протестот беше бруталното убиство на Росица, уште еден случај кој, според демонстрантите, можел и морал да биде спречен. Според достапните податоци, во последните пет години во земјата, најмалку 20 жени ги загубиле животите како резултат на повторени епизоди на родово базирано насилство.

На Росица ѝ претходеше Танкица, уште една свирепо убиена жена, која со месеци претходно барала помош и заштита од институциите, но не ја добила.

Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе

Убиството на Росица од Велес

Во семејната куќа во Велес, 31-годишната Росица и нејзиниот татко беа брутално убиени од нејзиниот поранешен партнер, 37-годишниот Илија Стефановски од Скопје, кој потоа изврши самоубиство.

Росица претходно пет пати го пријавувала насилникот во полиција и Обвинителство за физичко насилство, закани, вознемирување, запалено возило и навредливи графити.

И покрај тоа, Стефановски добил само условна казна и забрана за приближување, изречени само шест дена пред убиството.

Убиството на Танкица од Кочани

Во септември 2023 година, во Кочани беше убиена 46-годишната Танкица Маладеновска, самохраната мајка на три деца. Таа беше усмртена со повеќе од 40 убоди од својот поранешен колега Усеин Рашидов, кој со години ја малтретирал и уценувал со наводно компромитирачки фотографии.

И покрај тоа што Танкица пријавила во полиција, обвинителството делото го квалификувало само како уцена. Полицијата не направила проценка за ризик по нејзиниот живот, а нејзиниот страв кој околината го забележувала, останал незабележан од институциите.

Усеин се самоуби во кумановскиот затвор.

Заеднички именител – институционален пропуст

И двата случаи ја откриваат истата слика: жртви кои постојано пријавувале насилство, закани и тортура, и институции кои не презеле ефективни мерки за нивна заштита. Иако во 2023 година Северна Македонија за првпат го криминализираше фемицидот, овие убиства покажуваат дека законите без нивна реална примена не можат да спречат трагедии.

Женските организации предупредуваат дека ова не се изолирани случаи, туку дел од поширок општествен проблем на систематско непостапување и неказнивост, кој продолжува да ги чини живот жените во Македонија.

Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе

Протестот испрати јасни барања во четири области:

  • Институционална одговорност и санкции – оставки и дисциплински постапки за службени лица што не постапиле по пријави, како и независна истрага за институционалните пропусти;
  • Специјализирани механизми за заштита – задолжителни протоколи, повеќе ресурси и обуки за полицијата, центрите за социјална работа и судството;
  • Законска рамка и стратегии за превенција – целосна имплементација на законите за фемицид и развој на национална стратегија со јасни индикатори и буџет;
  • Општествена одговорност и јавен притисок – прекинување на заштитата на насилниците и континуиран јавен притисок преку протести и солидарност.

„Ниту една повеќе! Да нема следна Росица!“ порачаа учесниците на протестот, повикувајќи на системски промени и вистинска заштита од институциите.

Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе Ниту една повеќе

Фото: Ерина Богоева / Femina.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.