• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Од игра до уредност: Како децата да створат навики за ред и хигиена?

1 септември 2025, 13:31
  • cподели

Кога станува збор за чистење, најчесто го замислуваме како обврска што возрасните мора да ја завршат, а децата да се држат подалеку за да не пречат или за да не се извалкаат. Но, дали мора да е така? Напротив – децата можат да бидат најдобрите мали помошници во домот, ако им се пријде на вистински начин. Клучот е да се претвори редот и хигиената во игра, а чистењето во забавна и креативна активност која им влева важни животни навики.

dm

Зошто е важно децата да се стекнат со домашни навики?

Навиките за ред и хигиена не се стекнуваат преку ноќ. Колку порано децата научат дека собата, играчките и домот треба да се одржуваат чисти и средени, толку полесно тие правила стануваат дел од нивната секојдневна дисциплина. Овие мали активности го градат чувството за одговорност, самостојност и почитување кон заедничкиот простор. Родителите се секогаш пример за најмалите, и познато е дека децата ги имитираат постапките на своите родители – кога ќе видат дека и мама и тато средуваат со позитивен став, децата многу полесно ја прифаќаат работната обврска која потоа ќе им се претвори во навика.

Дајте им едноставни и јасни задачи – наместо „среди ја собата“, кажете „стави ги коцките во кутијата“ или „постави ги чевлите во плакарот“. Секоја мала помош заслужува пофалба – така децата чувствуваат дека нивниот труд вреди и со радост ќе продолжат со средувањето и чистењето. А ако направите фотографија „пред и потоа“, ќе бидат уште погорди кога ќе ја видат разликата.

Предлози за игри

Внимавајте децата да не дојдат во контакт со средствaта за чистење, а додека помагаат – секогаш нека бидат заштитени и под ваша грижа.

  • Натпревар „Кој ќе собере повеќе?“ – детето добива мала корпа и задача да собере играчки. Победник е оној кој најбрзо ќе ја наполни корпата.
  • Музичко чистење – се пушта весела песна и им се дава време на децата додека трае музиката да средат одреден дел од собата.
  • Кутија за супер-херои – една голема кутија каде што играчките „се кријат“ кога завршува денот после играње. Секое враќање е „успешна мисија на херојот“.
  • Мисија за принцези – барбиките имаат гламурозна модна ревија, а задачата на вашата мала принцеза е да ги нареди убаво барбиките на полиците за да бидат подготвени за настанот. Пред да ги нареди, избришете ги полиците со мултифункционалниот спреј THE PINK STUFF и меките магични крпи за заеднички да организирате блескава модна ревија.
  • Тајна мисија – родителот им дава „кодирана порака“: „Мисија 007 – сите испрани чорапи да се вратат во фиоката!“.

Чистењето со вашите деца не мора да биде борба – може да стане игра во која се учи дисциплина, соработка и љубов кон уредноста. Со вистинска креативност и заедно со производите за чистење Denkmit достапни во dm, метлата станува волшебна, а сунѓерот и крпата – весели алатки против нередот. И што е најважно – децата растат со вредности за хигиена кои ќе им користат цел живот.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.