„Од денес, неговите песни ќе се слушаат поинаку“: Трогателни пораки за збогум со легендарниот Владо Јаневски
Македонската музичка сцена остана без еден од своите најсјајни бисери, а публиката низ целата земја изгуби незаборавен глас кој нè прати и во најубавите, но и во најтажните моменти од нашите животи.
Во овие мигови на тага, социјалните мрежи се преплавени со спомени, фотографии и емотивни посвети на Владо Јаневски. Бројни колеги, соработници, пријатели и познаници кои ја имаа честа да ја делат сцената и животот со него, со неверување се простуваат од големиот уметник:
Пере од Нокаут
Си замина Владо Јаневски.
Колега, музичар, човек со глас што не се правеше важен, само влегуваше во песна и таму остануваше.
Со Владо работевме и студиски.
Се среќававме низ музика и професионални разговори, мирни, точни, без потреба од големи зборови.
Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага. Владо тоа го знаеше.
Нека почива во мир.
Од денес, неговите песни ќе се слушаат поинаку.
Џокси
Нѐ нарекуваа „Чаирските романтичари“, поради песните што ги создававме во тоа време, седејќи на Камчето зад зградата, со гитарите во раце. Тоа беа години исполнети со музика, соништа и искрени пријателства.
Со Владо се запознавме на почетокот од осумдесеттите години. Заедно со Роберт дојдоа кај мене на улица „Крсто Асенов“ бр. 10 и ми понудија да отпеам една нивна песна, која, ако добро се сеќавам, се викаше „Ајша“ или нешто слично.
Со задоволство им излегов во пресрет и песната ја снимивме за потребите на Македонското радио. Сепак, не можев да ја прифатам нивната понуда да станам нивен пејач, бидејќи во тој период заминував од Македонија.
На почетокот од деведесеттите повторно се сретнавме и дружењето продолжи, но веќе во поинакви околности – како колеги на македонската естрада. Владо беше со „Ластовица“, а јас ја градев мојата соло кариера. Во 1995 година дури делевме и иста хотелска соба за време на Интерфест во Битола.
Со текот на времето, кога Владо започна самостојна музичка кариера, како да се променија некои негови животни навики. Стана многу поповлечен, целосно посветен на музиката и кариерата. Тоа му донесе големи успеси и заслужено место на македонската музичка сцена.Фотографијата што ја споделувам е направена во 2010 година на улица Македонија, заедно со Роберт и Владо. Тоа беше нашата последна средба и последната наша заедничка фотографија.
Почивај во мир, Владо. Ќе останеш запаметен преку твојата музика и спомените што ги остави зад себе.
Лила Филиповска
Од Божји нишан не се бега, збогум стар пријателе🕊️
На внуците ќе им кажувам дека имав среќа што те познавав, дека пишуваше исклучително емотивни и уникатни стихови, дека беше одличен музичар , дека имаше неверојатна харизма и дека рано отиде во легендите !!!
Ти отиде ама барем ни остави непроценливо музичко наследство!!!
Ни остави песни и стихови кои постојано и засекогаш ќе не потсетуваат на тебе , стихови кои те направија бесмртен ❤️
Мирно небо Владо и знаеш… некогаш и негде 💔
Весна Петрушевска
Познатата актерка се збогуваше со цитат од Достоевски:
🖤Тогаш некоја темна, необјаснива сила ме извади од гробот. Не знаев кој или што е тоа. Не зборуваше, но јас го следев без отпор.
Патувавме низ бескрајниот космос. Ѕвездите светеа околу нас, а Земјата исчезна зад нас.
По долго патување, далеку во вселената, здогледав друга планета. Личеше на Земјата, но беше поубава, посветла и исполнета со мир.
Кога се доближив, видов луѓе.
Тие беа прекрасни.
Достоевски 🖤
🖤Знам дека го сакаше ....не знам што да кажам🖤ќе фалиш......
Дарио Панковски
Јаневски мајсторе,
толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам. Некогаш се сложувавме, понекогаш и не, но исклучително многу се почитувавме како блиски колеги.
Ти мене Панковски, јас тебе Јаневски, така си се обраќавме кога ќе се видевме, к'о бајаги официјално, а у ствари со многу скриена близина и топлина.
Ова беше пребрзо, шокантно, трагично и некако...нестварно.
Нека Ти е вечна слава мој Јаневски, многу ми е жал, многу...🖤🖤🖤
Слаткар
Слаткар сподели повеќе Instagram сторија со стихови од песни на Владо, а на едно од нив се снима со солзи во очите.
Ребека
Е тука си правевме планови, кај нас дома, во Чаир, на мојот 24ти роденден. Ти ми кажа дека имаш хит песна за мене. И така бидна Мачо. Ти благодарам за музиката, дружбите и долгите дискусии за поезија и животот. Патувај кон прегратките на Господа. Царство небесно 💔☦️
Тијана Дапчевиќ
Другарче мое…мирно патувај кон вечноста..многу ќе и недостасуваш на твоја “Тијанисимо” ..ме искрши💔😢
Тамара Тодевска
Премногу направено, дадено и оставено... стиховите на кој никој не остануваше рамнодушен ќе бидат потврда за твојата вечност и големина.
Ми беше чест што те познавав.
Патувај мирно, драг мој Владо. 🖤
Каролина Гочева
Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам… 🖤
Калиопи
Ох…Охх,ох, оххх…..
Си замина тивко, без поздрав….
Токму кога најдобрите се најпотребни, ти заминуваш….
Ми беше другар, а јас твојата Каља, како што милуваше да ме викаш…ж
Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме….
НЕКОГАШ И НЕГДЕ…..
Дунавка Труфуновска
Си замина откако ми ги оствари сите желби, ме однесе секаде со тебе каде што ќе посакав, ми купи се што сакав, спиев до тебе кога јас сакам и ми ги откри тие тајни што ти ги сакаше.
Знаев дека без тебе Скопје повторно ќе биде главен град на тагата.
Исто како во нашиот спот за Скопје.
Чаршија нема лик, а усти илјада…така ти напиша.Дунавка, ние успеавме бидејќи не се откажавме и кога беше најтешко.
Игор Џамбазов
Збогум Владо...
Понекогаш зборовите не се доволни.
А понекогаш се излишни.
Слава ти!
И ти благодарам за се' што направи...
Стефан од Next Time
Маја Вукичевиќ
Дарко Димитров
Милица Џаровска
Некогаш и негде, во Хром, кај нас дома. Владо, Роберт и Џаро. Не беа овде дуо „Ластовица“, ама ми рече татко ми да ги сликам и да објавам дека пак ќе се спојат. Ми дозволија да напишам така.
Владо го запознав кога бев прва средно. Џаро правеше турнеја низ Македонија со најголемите ѕвезди тогаш, а дел од парите даде за луѓето што избегаа од војната од Босна. Се возевме со Владо во кола после концерт од Кавадарци, накај Скопје.
„Колку ја сакам оваа работа. Благословена е оваа работа, нема поубава работа“. Памтам дека збореше со една радост невидена. Еуфорија на стадиони беше по него и по Роберт.
После сме имале убава соработка, некогаш и знаеше да ми се налути за некој наслов, и само службено да ми збори, ама знаеше и фала да ми каже ако некој текст му се допадне. Не се случило да не ми врати на меил или порака, и секогаш да ми ја даде приказната што ми треба. Му бев на два од петте концерти во Филхармонија, две години по ред на Антички, се спремав пак годинава.
На свадба ни дојде, го памтам свежо како фраерски влегува во сала со цвеќето.
Па, на кој друг можеше да му текне да напише: „Дека сум овде може некој ќе ти дојави“ или „Сонцето од четири страни грее топол зрак“.
Одмори се Владо. Остави песништа за сто животи. Вечна слава.
Дарко Лешоски
Би сакал да верувам дека е пак “рекла казала” од ʼ90 -ти, кога имаше сида во Русија, па само да се појавиш од нигде никаде на МТВ како промовираш нов албум.
Па па после рекла казала - се излечил бе, друго нешто само било. Па после пак да исчезнеш. И пак да се појавиш.
Ниеден македонски музичар не бил присутен во мојот живот секојдневно како тебе од наједноставна причина : на татко ми скоро дваес години му ѕвони телефонот со воведот од твојата “Евергрин”.
Твоите липи ко плин и твојот Џубокс се дел и од мојот живот. Како и на илјадници.
А од такво наследство - нема ништо поскапо… Ништо!
И за последно, би сакал таму горе исто како јас кога сум велел на секој нов телефон од татко ми додека ме тера да му ја наместам “за ѕвонење” : “Је*** те Владо те *** како не ти здосади - не може, стварно на овој телефон не може!”
Таму горе да речат за најубавото место за тебе - како татко ми во тие моменти мене: “Може! може! ајде ајде!”
За мене е оваа секогаш ќе е една од најфраерските текстови и спотови.
Почивај во мир!
Златна бубамара на популарноста
💔Почина еден од најпознатите пејачи во нашата земја - Владо Јаневски…
Неговите песни ќе останат вечни спомени за љубовта, разделбите и најубавите моменти што ги носиме во себе.
Почивај во мир!🕊️💔
Бобан од Авалон
Владо, ако нема некогаш и негде, ништо не си изгубил.
Остануваме овде, ние, секој ден да глумиме лудило, дека е сѐ како што треба, а ништо не е и нема да биде без сите вас, кои вака тивко, а пребрзо си одите!
Значи, Владо, некогаш и негде!
Биди раат.
Бобан Милошески & Авалон
Министерство за култура и туризам
Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење по повод смртта на Владо Јаневски, еден од највлијателните македонски музички автори и изведувачи, кој со своето богато творештво остави неизбришлива трага во современата македонска музика.
Владо Јаневски беше уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обедини генерации љубители на македонската музика. Неговото творештво, исполнето со емоција, искреност и љубов кон македонскиот јазик и култура, ќе остане трајна вредност и значаен дел од македонското музичко наследство.
Како прв претставник на независна Македонија на Изборот за песна на Евровизија, како и автор и изведувач на бројни антологиски хитови, Владо Јаневски беше еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, достоинствено претставувајќи ја земјата на домашната и меѓународната сцена.
Неговата професионалност, уметничка автентичност и долгогодишен придонес во развојот и афирмацијата на македонската популарна музика ќе продолжат да бидат инспирација за идните генерации музичари и уметници.Министерството за култура и туризам изразува искрено сочувство до неговото семејство, најблиските, колегите и до сите почитувачи на неговото дело.
Споменот на Владо Јаневски ќе живее преку неговите песни, кои засекогаш ќе останат дел од македонската културна меморија.
Огнен Здравковски
Фала ти за секој испеан стих и за сите хитови што ги остави на Македонската естрада… Нека ти е светол патот и патувај мирно со ангелите Владо! 🕊️🤍