• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Од бебе до момче: Северина со приватни снимки од синот Александар му го честиташе роденденот

20 февруари 2026, 13:29
  • cподели

За Северина ова е посебен ден.

Синот на хрватската пејачка, Александар, денес полни 14 години. По тој повод, таа на социјалните мрежи сподели емотивно видео составено од снимки од неговото растење, почнувајќи од бебешките денови па сè до денес.

Објавата беше проследена со песната „Rođeno moje“, која му е посветена токму нему. Во описот Северина напиша емотивна порака во која истакна колку мајчинската љубов е безусловна и силна.

Четиринаесет години… откако првпат вдиша, а јас првпат сфатив колку срцето може да сака. Поминав низ бури само за да те прегрнам и низ тишини во кои одекнуваше само твоето име. И сè би направила повторно.

Кога настана оваа песна, ти не го познаваше светот толку добро како јас… И се надевам дека никогаш нема ни да го познаваш… Среќен 14-ти роденден, сине мој… ❤️ - напиша таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Северина со години водеше битка со поранешниот сопруг Милан Поповиќ за старателството над Александар. Во 2018 година, судот донесе неправедна одлука да ѝ биде одземено целосното старателство, а детето половина од времето да поминува со Милан. Северина веднаш мораше да го предаде синот на татко му, но не се откажа, туку ја продолжи својата битка и на крајот победи.

Минатата година, на концертот во Сплит, Северина рече:

„Сега песна за најважниот маж во мојот живот. Неговото срце чукаше под моето. Повеќепати се обидоа да ми го одземат, но по 12 години борба – мојот син живее со мене.“

Северина

Tags
Северина

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.