Синоќа Британските музички награди беа доделени по 38-ми пат. Лондонската О2 арена беше преплавена со славни личности од светот на музиката.
Дуа Липа и Стормзи беа големите победници на вечерта и си заминаа со по две освоени награди, меѓу кои за Најдобри британски изведувачи во машка и женска категорија. Иако Ед Ширан беше номиниран во четири категории, нему му беше врачена само статуетката за Глобален успех.
Погледнете како изгледаа славните дами на манифестацијата:













































