Од 49 денари: Овие производи од dm покажуваат дека секојдневното пазарување не мора да биде скапо!
Квалитетната секојдневна нега, производите за домаќинството и омилените намирници не мора да значат и голем трошок. Со концептот „Секогаш поволно“, dm овозможува производите што редовно се наоѓаат на листата за пазарување да бидат достапни по поволни цени, без потреба да се чекаат краткотрајни акции. Од нега на лице, тело и раце, преку производи за домаќинството, па сè до производи за исхрана – издвојуваме седум производи од dm марките Balea, dmBio и Denkmit, со цени од само 49 денари.
Нежно чистење на чувствителната кожа за 169 денари
Чистењето е основа на секоја рутина за нега, а за чувствителната кожа особено е важен изборот на блага формула. Balea MED ULTRA SENSITIVE гелот за миење лице, 150 мл, е специјално развиен за чувствителна кожа склона кон иритации и чини 169 денари. Неговата веганска формула со провитамин B5 и природен бисаболол нежно ги отстранува нечистотиите и остатоците од шминка, без да ја суши кожата. Гелот е без мириси, парабени и бои, а подносливоста на кожата е дерматолошки потврдена. Нежната пенлива текстура ја остава кожата чиста и мека и ја подготвува за следните чекори од рутината за нега.
Три производи во еден за само 59 денари
Практичноста е особено важна во динамичното секојдневие, а Balea MEN FRESH 3IN1 гелот за туширање, 300 мл, ги обединува негата на телото, лицето и косата во еден производ, по цена од само 59 денари. Формулата со морски минерали чисти, негува и освежува, истовремено обезбедувајќи хидратација и помагајќи во заштитата на кожата од сушење. Производот е pH-неутрален, дерматолошки тестиран и има веганска формула, што го прави практичен избор за секојдневна употреба.
Кремаст сапун со мирис на кокос и праска за 49 денари
Производите што ги користиме повеќепати во текот на денот се важен дел од секое домаќинство. Balea кремастиот течен сапун за раце со кокос и праска, 500 мл, чини само 49 денари, а нежно ги чисти и негува рацете. Неговата формула помага да се заштити кожата од сушење и да се одржи нејзината природна рамнотежа на влажност. Комбинацијата од кокос и праска остава пријатен, овошно-сладок мирис по секое миење.
Нега на рацете и ноктите за само 49 денари
За дополнителна нега, тука е Balea балсамот за раце и нокти со камилица, 100 мл, кој исто така чини 49 денари. Формулата со екстракт од камилица и пантенол ја хидрира кожата, помага во смирувањето на сувата кожа и придонесува за нејзината регенерација и еластичност. Балсамот е наменет за кожа на која ѝ е потребна поинтензивна нега и ги остава рацете меки и негувани. Подносливоста на кожата е дерматолошки потврдена, а пакувањето е изработено од 60% рециклиран материјал.
До 48 часа заштита со мирис на ванила и кокос за 79 денари
За љубителите на слатките и егзотични мириси, Balea дезодорансот со ванила и кокос, 200 мл, комбинира ноти на ванила и кокос со до 48 часа заштита од непријатен телесен мирис, а неговата цена изнесува 79 денари. Формулата е без алуминиумски соли, нежна е кон кожата и не остава бели траги на облеката. Слатката ванила и кокосот му даваат препознатлив егзотичен карактер, додека формулата обезбедува долготрајно чувство на свежина.
Органска сладост од dmBio за 229 денари
„Секогаш поволно“ не завршува со производите за нега. dmBio сирупот од агаве, 360 мл, е вегански засладувач од органско производство, достапен по цена од 229 денари. Со својата пријатно блага сладост може да се користи за засладување различни јадења и пијалаци – од мусли и десерти до чај. Практичното пакување овозможува едноставно дозирање, па лесно може да стане дел од секојдневната подготовка на омилените рецепти.
Чист дом и борба против бигорот за 75 денари
Меѓу производите за домаќинството се издвојува Denkmit средството за отстранување бигор, 500 мл, кое чини 75 денари. Моќната формула темелно ги отстранува и тврдокорните наслаги од бигор, 'рѓа и сапун од кадата, тушот, мијалникот и плочките. Производот може да се користи и на чувствителни површини од акрил, пластика и нерѓосувачки челик, што го прави практичен сојузник за одржување на чистотата во бањата и кујната.
Од балсам за раце и кремаст сапун за 49 денари, до нега за чувствителна кожа, производи за лична хигиена, органски засладувач и средство за чистење – „Секогаш поволно“ во dm значи можност секојдневните потреби да се планираат со поголема сигурност и контрола на домашниот буџет. Производите од dm марките дополнително покажуваат дека практичноста, разновидноста и внимателно осмислените формули можат да бидат достапни по поволни цени за секојдневното пазарување.