• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Облека за новогодишната ноќ

11 декември 2009, 10:01
  • cподели

Новогодишните празници се приближуваат и не е рано да започнете да размислувате што ќе носите за долгоочекуваната ноќ. Пред да тргнете низ бутиците без идеја што барате, најдобро е да размислите како би сакале да изгледате.

Еве неколку комбинации кои би можеле да ви послужат како идеја при изборот на вашата празнична облека.

Црна комбинација со кратки панталончиња и чизмиКратките панталончиња во комбинација со високи чизми се подеднакво атрактивни и оваа година. Ако решите да бидете облечени од глава го петици во црно, внесете боја во вашиот изглед преку лакот за нокти, накитот и/или шминката. Црна комбинација со мало фустанче и чевли со високи потпетициЦрната боја е класика. Ако се подготвувате за поофицијална прослава, никогаш нема да погрешите доколку му се доверите на малото црно фустанче.
Сиво-црна комбинација со туника, хеланки и чизмиАко решите новата година да ја пречекате на плоштад или во домашна атмосфера со друштво, изберете ваква комбинација. Ќе ви биде удобно и нема да изгледате премногу официјално. Темно-сина комбинација со фустанче и чевли со високи потпетициТемно-сината боја стана хит оваа сезона. Доколку сакате едновремено и да ги следите последните модни тенденции и да изгледате новогодишно облечени, изберете ги сребрената и темно сината боја.
Виолетова комбинација со блуза, фармерки и чизмиАко изберете комбинација како на сликата, ќе добиете удобност, а тоа е најважно за најдолгата вечер. Само така ќе можете целосно да ѝ се препуштите на забавата. Совршена е за дочек во кафуле или со друштво во домашна атмосфера. Црвена комбинација со фустанче и чевли со високи потпетициОваа комбинација е идеална за дочек и во кафеана и во кафуле. Црвената боја се асоцира точно со новогодишните празници, па ако сакате да блеснете на прославата изберете ја оваа боја.
Tags
нова година
облека

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.