• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Облечете шарени чорапи, славете ги различностите! Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

21 март 2022, 13:27
  • cподели

„Обојте“ ги вашите стапала во силни бои! Денес облечете шарени чорапи или ставете различни чорапи на двете нозе, информирајте се за Дауновиот синдром или пренесете порака дека лицата со ова нарушување се уникатни, но не помалку важни од останатите. Славете ги различностите, бидејќи тие го прават светот подобро место за живеење.

Даунов синдром

Денес е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, на кој се организираат настани кои ја подигнуваат свеста кај луѓето и ги повикуваат владите и невладините организации да соработуваат за да им го подобрат квалитетот на живот на лицата со Даунов синдром.

Оваа година, кампањата на социјалните мрежи се одвива под хаштагот #IncusionMeans, како и #LotsOfSocks.

Носењето различни чорапи е моќна кампања, која ги охрабрува луѓето да носат впечатливи или различни чорапи кои ги слават различностите. Иницијативата има цел да поттикне разговор за инклузијата, уникатноста и прифаќањето на сите луѓе.

Даунов синдром Даунов синдром

Претседателот Стево Пендаровски потсети зошто Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се слави на 21 март и повика на рушење на стереотипите и обезбедување рамноправен живот за овие лица.

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром, е само еден од низата поводи кој нè потсетува што сме направиле за лицата кои живеат со оваа состојба и кои се идните чекори кои треба да ги преземеме за обезбедување на нивен рамноправен и квалитетен живот.

Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините на лицата со Даунов синдром, со цел да им дадеме простор во нашето заедничко општество.

Изразувам безрезервна поддршка на сите родители и семејства на лицата со Даунов синдром, и благодарност до сите институции и поединци кои се вклучени во нивниот едукативен процес, медицинска нега и социјална заштита.

По овој повод, уметникот Зоран Кардула создаде прекрасна илустрација.

#WorldDownSyndromeDay2022 pic.twitter.com/hycnVyiWKC

— Зоран Кардула (@ZKardula) March 21, 2022

#InclusionMeans

Tags
Даунов синдром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.