Еден од најдобрите совети е почесто да се смеете, дури и кога не чувствувате среќа, затоа што за кратко време насмевката ќе повлијае на вашите емоции и ќе се почувствувате посреќни. Истражување спроведено од њујоршки психолози покажало дека смеењето ја зголемува среќата.
Најголем дел од луѓето во светот уживаат кога се на одмор, но работливите Јапонци повеќе уживаат додека се на работното место. Јапонците не само што добиваат најмалку слободни денови во текот на годината (16,5), туку и најмалку ги искористуваат.
Навистина Гага многупати успеваше да ја победи гравитацијата со нејзините нестандардни обувки, но тоа не било случај вчера на аеродромот Хитроу во Лондон. Ексцентричната пејачка изгубила рамнотежа и се спружила на земјата поради енормно високите чизми.
41% од Американците веруваат дека Исус ќе се врати на Земјата, 53% сметаат дека обичните луѓе ќе патуваат во вселената, а дури 89% веруваат дека жена ќе биде избрана за претседател на САД. Прочитајте што друго Американците сметаат дека ќе се случи до 2050г.
Контроверзниот сајт BeautifulPeople.com, кој се промовира како „сајт за запознавање забранет за грди луѓе“, пред два дена лансира виртуелна банка за сперма и јајца чии донори се само убави луѓе.
Неодоливата Џесика Алба се појави во летното издание на списанието Genlux. Во откачената фотосесија 29-годишната ѕвезда позира со порцелански кукли. Погледнете ги одличните фотографии.
Ако поседувате автомобил во црна боја, бидете внимателни. Истражувачите процениле дека црните автомобили стануваат дел од сообраќајни несреќи за 47% почесто, отколку белите.
Скоро 90% од младите луѓе во Европа и Америка користат МP3 плеер неколку часа дневно и тоа на максимално пуштен глас. Ново истражување потврди дека само еден час слушање музика на слушалки дневно е доволен за да дојде до оштетување на слухот.
Експеримент спроведен од француски психолози покажал дека жените се посклони да му го дадат својот телефонски број на маж ако претходно слушале љубовни песни.
Со цел да ја намали бројката на жени коишто станале жртви на силување, д-р Сонет Елерс создала женски кондом со „заби“. Продуктот е наречен Rape-aXe и се поставува во вагината исто како тампон. Прочитајте повеќе.
Резултатите од истражување кое опфаќало 34 514 учесници покажале дека умерената консумација на чај и кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.