• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

82% од жените имале секс без обврски

28 јуни 2011, 11:48
  • cподели

Сè повеќе жени имаат сексуални односи со партнери со кои не се во врска и со кои не планираат да имаат нешто сериозно. Истражување на списанието Self и онлајн порталот PopSugar покажало дека 82% од жените на возраст од 18 до 63 години имале секс без обврски.

Иако општо прифатено е мислењето дека жените чувствуваат срам или жалење после секс со партнер со кого не се во врска, резултатите од истражувањето покажале дека 63% од жените кои имале секс без обврска се чувствувале „супер“ или „добро“ наредниот ден.

Момче и девојкаСекои четири од пет жени имале секс без обврски

„Жените не чекаат да имаат момче за да имаат сексуално искуство. Сè повеќе тие си даваат дозвола да се „глупираат“, да уживаат и да си поминуваат убаво – тоа се фразите кои ги слушав повторно и повторно“ – изјавила Пепер Шварц, професор по социологија на Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Само 19% од жените кои имале секс без обврски признале дека жалат за тоа, а 37% не се чувствувале убаво поради направеното.

Еве уште неколку заклучоци од истражувањето направено со учество на 2000 жени:

  • 60% од жените имале љубовна авантура за една ноќ со пријател или познаник;
  • 51% од жените имале секс само заради забава;
  • 63% од жените имале секс со случаен партнер;
  • 58% од жените имаат пријател со „бенефиции“;
  • 49% од жените имале секс со непознат;
  • 34% од жените имале партнер со кого се сретнувале само за секс.
  • Сексот без обврски можеби е возбудлив, но ретко им носи оргазам на жените. Дури 74% од жените признале дека им е потешко да ја достигнат врвната точка кога се со партнер со кого не се во врска.

    Основна причина поради која жените немаат секс без обврски е стравот од сексуално преносливи болести. 87% од жените се воздржуваат од секс поради страв од СПБ.

Tags
секс-истражувања

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.