• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ВИДЕО: Победник е Крис Браун... не, Ријана е... не, Дрејк е... не

27 јуни 2011, 16:44
  • cподели

Вчера се одржа свеченото доделување на BET (Black Entertainment Television) наградите. Најголем победник на вечерта беше Крис Браун, кој успеа да грабне 5 награди, меѓу кои и наградата за Видео на годината и Најдобар машки R&B изведувач.

Но, вечерта ќе остане запаметена по гафот со доделувањето на наградата Coca-Cola Viewers' Choice (Изборот на гледачите), кој во најмала рака ја збуни публиката. Презентерката прво со чудна гримаса на лицето го прогласи за победник Крис Браун, а потоа брзо се премисли и ја прогласи за победничка Ријана. „Жалам, победникот е Ријана“ – објави таа.

Сепак, и тоа не беше точно. Другиот презентер брзо го прогласи Дрејк за победник и 24-годишниот пејач дојде на сцената и го прими трофејот. Оценувајќи ја ситуацијата како непријатна и незгодна, Дрејк одржа краток говор.

И, ако си мислите дека ова е крајот на пресвртите, се лажете. Нешто подоцна Крис Браун беше прогласен за вистински победник.

Погледнете ја непријатната ситуација:

Меѓу другите победници се најдоа и Ники Минаж и Кание Вест кои бе прогласени за Најдобар женски Hip-Hop изведувач и Најдобар машки Hip-Hop изведувач.

Tags
BET awards
Крис Браун

Најнови

  • Меган Маркл и принцот Хари со децата

    Игри на плажа, посета на домот на принцезата Дијана: Меган Маркл објави летни фотографии со принцот Хари и децата

    Fri, 07/24/2026 - 14:15
  • Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција

    Fri, 07/24/2026 - 13:40
  • 84 дена се бореше за живот на болница, сега слави дома 3 месеци: Сопругата на Христијан Трајаноски со преслатка фотосесија од ќеркичката

    Fri, 07/24/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.