Џенифер Анистон го краси февруарското издание на списанието Allure. Погледнете ги фотографиите на кои 41-годишната актерка позира провокативно во свилени розови пижами, со плишено мече во раката.
Миранда Кер му го покажа на светот своето прво дете. 27-годишната манекенка на својот блог сподели интимна фотографија сликана од нејзиниот сопруг Орландо Блум, а на која се гледа како таа го дои малото бебе.
Сопственичката на кучето со човечка насмевка повторно му приреди роденденска забава за да улови со својот фотоапарат уште една од неговите популарни насмевки.
Еден од најспоменуваните совети за зачувување и подобрување на здравјето е секако редовното пиење на зелен чај. Последните истражувања потврдија дека зелениот чај помага во заштитата од деменција и рак.
Светот го обиколи веста дека за хороскопот да биде точен, треба да бидат направени промени и да биде воведен нов 13-ти знак. Вистината е дека ова не важи за системот што го користи Западната астрологија, па слободно продолжете да си го читате хороскопот за знакот што си го знаете цел живот.
Никол Кидман и Кит Урбан вчера ја изненадија јавноста со веста дека добиле ќерка. Малото бебенце било родено на 28 декември од сурогат-мајка, а го добило името Фејт Маргарет Кидман Урбан.
Луѓето кои се благословени со убав изглед најчесто можат да се пофалат и со повисока интелигенција од просечната, а тоа особено важи за мажите, тврдат британски истражувачи.
Стотици, ако не и илјадници компании тврдат дека кремите кои содржат колаген ги измазнуваат брчките. Но, во истражување на Sense About Science објавено денес, научниците тврдат дека кремите со колаген не се особено ефективни.
На интернет се појавија две нови песни на Џеј Ло, „On The Floor“ и „Venus“. Слушнете ги и погледнете дел од видеото кое го најавува нејзиниот спот за синглот „Good Hit“.
Дотерани од глава до пети, славните лица на Холивуд продефилираа по црвениот тепих пред доделувањето на наградите „Златен глобус“. Погледнете како беа облечени холивудските ѕвезди.
На вчерашното доделување на наградите Златен глобус, „The Social Network“ доминираше со 4 освоени награди, меѓу кои за најдобар филм во категоријата драма и за најдобра режија. Натали Портман и Колин Фирт ги освоија престижните награди за најдобра актерка и најдобар актер во драма.
Америка доби нова кралица на убавината, најмладата досега. 17-годишната Тереза Скенлан од Небраска ја доби титулата Мис Америка. Погледнете ја новата мисица и нејзините придружнички.