Повеќе од 13 000 луѓе, меѓу кои имаше многу холивудски ѕвезди, се собраа вчера во United Center арената во Чикаго за снимањето на „Oprah's Surprise Spectacular“. Сите тие се збогуваа со Кралицата на ток шоуата. Прочитајте повеќе.
Легендарната „Stairway To Heaven“ е прогласена за најдобра рок балада на сите времиња според резултатите на онлајн анкета спроведена од познатото списание Rolling Stone. Погледнете ја листата од 12 најдобри рок балади.
Наоми Кембел намами многу славни манекенки и холивудски ѕвезди да ѝ се придружат на ревијата организирана за помагање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Јапонија. Но, некои од нив имаа проблеми на пистата, па така една манекенка падна трипати едноподруго. Погледнете го видеото.
Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, признал дека има вонбрачно дете со куќна помошничка која долги години му служела на неговото семејство. Токму тоа била причината за неговата сопруга да се исели од нивниот заеднички дом и да соопштат дека се разделуваат. Прочитајте повеќе.
Анџелина Џоли ја покажа својата поддршка кон долгогодишниот партнер Бред Пит кога вчера му се придружи на црвениот тепих на премиерата на драмата „The Tree of Life“. Погледнете како изгледаше најпознатиот холивудски пар.
Лејди Гага го објави четвртиот сингл од нејзиниот албум „Born This Way“. „Hair“ е диско песна која доаѓа од продуцентските раце на RedOne, а вклучува саксафонски звуци од феноменалниот Кларенс Клемонс. Слушнете ја тука.
Во сончевиот Кан, Бред Пит денес го промовираше својот најнов филм, „The Tree of Life“. Како и повеќето ѕвезди кои застанаа пред објективите на фоторепортерите, и Бред Пит се појави во светла комбинација.