Facebook е најпопуларната друштвена мрежа, а освен за комуникација, луѓето ја користат и за флертување и љубовни војни, па сè повеќе бракоразводни парници вклучуваат докази токму од Facebook. Прочитајте повеќе.
Прстенот наречен „Tsarevna Swan“ влезе во Гинисовата книга на рекордите. Врз него има 2.525 дијаманти и официјално тоа е прстенот со најмногу дијаманти на светот. Погледнете го тука.
Според ново истражување објавено во „Scandinavian Journal of Psychology“, мажите преферираат бринети и ги сметаат жените со темна коса за попривлечни, иако за време на вечерно излегување многу повеќе им приоѓаат на русокоси. Прочитајте повеќе.
Парк Џи Мин е 15-годишно талентирано девојче кое за време на натпреварот за пеење „K-pop Star“ ги воодушеви публиката и жирито со својата изведба на хитот на Адел, „Rolling In The Deep“. Погледнете го видеото.
По една година брак, Расел Бренд побара развод од Кети Пери. Документите за развод 36-годишниот комичар ги поднел во Лос Анџелес и во нив како причина за разводот е наведено: „непремостливи разлики“.
По 77 години во брак, италијански пар ќе стане најстариот пар којшто стигнал до развод, откако 99-годишниот сопруг дознал дека неговата 96-годишна сопруга го изневерила пред повеќе од 60 години. Прочитајте повеќе.
Додека ниските температури нè тресат и принудуваат да се облечеме што повеќе, H&M сака да нè затопли со новите фотографии од рекламната кампања за пролетната колекција „Wake Up To Spring“. Погледнете ги тука.
Сè уште немате идеја со каква шминка и фризура да го комплетирате вашиот новогодишен стајлинг? Списанието Harper's Bazaar советува да пронајдете инспирација во изгледот на славните дами на црвените килими. Погледнете ги фотографиите.
Познатото машко списание „GQ“ додели една непосакувана титула – најлошо облечен маж за 2011. Несреќникот кој ја доби е Џаред Лето. Синоокиот актер и музичар очигледно не е популарен кај мажите поради својот избор на облека. Погледнете ги фотографиите.
Вистински Дедо Мраз ги изненадил купувачите во супермаркет во Англија откако им разделил пликови со банкноти од 50 фунти и преку писмо им посакал среќен Божиќ. Прочитајте повеќе.
Кои се најсексапилните реклами за изминатава година? Ријана за Армани, Миранда Кер за Victoria's Secret, Ирина Шајк за Luli Fama... Погледнете фотографии од десетте најсексапилни рекламни кампањи за 2011.