• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Одморете ги очите од екранот со вежбата „20-20-20-20“

14 март 2013, 15:53
  • cподели

Зјапањето во екраните ги напрега очите, но во денешно време ретко остануваме подалеку од компјутерските екрани. За да ги одмориме очите и да го намалиме заморот, истражувачите препорачуваат едноставна вежба.

Трепкајте 20 пати на секои 20 минути и комбинирајте го тоа со 20 секунди гледање понастрана од екранот и фокусирање на објект кој се наоѓа 20 стапки (6 метри) подалеку од вас.

Око

Стратегијата „20-20-20-20“ се нуди како решение за CVS (Computer Vision Syndrome или Синдром на компјутерски вид), кој се појавува кај милиони лица во целиот свет. Симптомите како суви и уморни очи, главоболки и болка во вратот во најголем дел од случаите се само привремени. Најчесто страдаат лицата кои седат пред компјутер 3 часа на ден или подолго.

„На секои 20 минути, корисникот на компјутер треба да направи пауза 20 секунди и да гледа во објект кој се наоѓа 20 стапки подалеку“ – изјавил д-р Едвард Менделсон од Универзитетот Тексас и дополнил дека трепкањето е природен начин за одржување на влажноста на очите.

Tags
очи
вид

Најнови

  • Вознемирувачки снимки: Бебиња биле врзувани и малтретирани во градинка во Индонезија

    Wed, 04/29/2026 - 13:58
  • Balea маска

    За 119 денари до „glow“ ефект: Balea Glass Skin маската за лице е новиот фаворит во dm

    Wed, 04/29/2026 - 13:45
  • „Најсреќен роденден Тета чистачка“: Каролина Гочева блеска на 46-тиот роденден, внуката Инес со забавна порака

    Wed, 04/29/2026 - 11:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.