Адам Сандлер вчера доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. 44-годишниот актер, кој долги години мами насмевки од верната публика, се појави на церемонијата со неговата сопруга Џеки и двете ќеркички.
Најпосакувана славна личност за сопруга е ѕвездата од „Black Swan“, Натали Портман, а најнепосакувана Ејми Вајнхаус. Од мажите, најнепосакуван разбирливо е Чарли Шин, а најпосакуван принцот Хари.
Aмериканско истражување покажа дека дури 30% од луѓето извршуваат т.н. „финансиско неверство“, односно кријат пари од партнерот, имаат тајна банкарска сметка, кријат долг или пак не се искрени за тоа колку заработуваат.
Алкохолот влијае на способноста на мажите и жените да ја оценат атрактивноста на претставниците на спротивниот пол, тврдат научниците. Австралиско истражување покажало дека секој четврти човек ги смета другите за попривлечни откако ќе испие неколку чаши алкохол.
Најновиот спот на Ријана ја доживеа својата премиера. Видеото е за песната „S&M“ и во него Ријана се појавува во неколку различни костими од латекс, со провокативен изглед на „лоша“ девојка. Според самата Ријана, ова е нејзиниот „најдобар“ и „омилен“ спот досега. Погледнете го овде.
Погледнете кои дизајнерски фустани ги избраа холивудските ѕвезди како Натали Портман, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан и Кристина Хендрикс за да се појават на црвениот тепих на SAG наградите.
Бракот го подобрува здравјето, го подобрува расположението и го продолжува животот, велат научниците. Единствениот услов за да биде тоа навистина така е сопружниците да се сакаат и да се поддржуваат еден со друг.