Јапонката Рие Хосокаи е несекојдневна дизајнерка која создава фустани од балони. Погледнете некои од нејзините интересни креации, кои се продаваат за 2000 до 4000 долари.
Најновото дело на контроверзниот скулптор Даниел Едвардс предизвика повеќе негативни реакции, отколку воодушевувања и аплаузи. Бронзената скулптура „Justin and Selena as One“ ги покажува Џастин Бибер и Селена Гомез со споени голи тела. Прочитајте повеќе.
Ејми Вајнхаус имаше уникатен стил на облекување кој го споделуваше преку своите колекции за брендот Фред Пери. По нејзината ненадејна смрт, модниот бренд реши да ја објави и нејзината последна недовршена колекција. Погледнете ја тука.
Наскоро светот ќе го обиколи парфем кој чини неверојатни милион долари. Но, цената е толку висока не поради самата миризлива течност, туку поради блескавото шишенце изработено од 14-каратно жолто и бело злато и скоро 3000 скапоцени камења.
Летниот хит на Кристина Агилера и Maroon 5 доби и свој видео запис. Спотот вклучува многу кадри со специфичните и карактеристични движења на Мик Џегер. Погледнете го тука.
Бар Рафаели изгледа совршено во новата колекција костими за капење на Agua Bendita за сезоната пролет/лето 2012. Колекцијата вклучува мали бикини со храбри шашави принтови во хипи стил, а секоја фотографија сугерира имиџ на „палава девојка“. Погледнете ги тука.
И официјално е потврдено дека серијата „Очајни домаќинки“ ќе добие катанец. За жал на милиони жени (и мажи), осмата сезона која ќе започне да се емитува на 25 септември ќе биде и последна.
Младите ѕвезди од светот на шоу бизнисот беа во центарот на вниманието на вчерашната манифестација по повод доделувањето на Teen Choice наградите. Погледнете што избраа да носат тие за нивното појавување на синиот тепих.