• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Харвард: Малала Јусафзаи е Хуманитарка на годината

30 септември 2013, 11:55
  • cподели

Малала Јусафзаи, девојката која преживеа откако беше застрелана во главата од Талибанците, ја доби наградата „Peter J. Gomes Humanitarian Award“ од Универзитетот Харвард.

16-годишната Пакистанка која смело се залага за образование на девојките насекаде низ светот одржа инспиративен говор. „Да запомниме: Една книга, едно пенкало, едно дете и еден учител можат да го променат светот“ – рекла таа.

Малала ЈусафзаиМалала Јусафзаи

Минатата година Малала беше застрелана во главата и вратот во училиштен автобус додека се враќала од училиште. За среќа, обидот за убиство беше неуспешен и таа беше префрлена во Англија каде доби соодветна медицинска помош. Зборувајќи за Талибанците, храбрата девојка изјавила: „Таканаречените Талибанци беа уплашени од моќта на жените и беа уплашени од моќта на образованието... Во тоа време не останавме тивки. Го кренавме гласот за правото на образование.“

Малала уште од мали нозе го обожавала училиштето. Уште пред да биде доволно возрасна за да започне со своето образование, таа ги посетувала часовите на својот татко учител и внимателно ги слушала сите лекции. Кога имала само 11 години, тајно ги испраќала своите дневници во BBC. Во дневниците таа пишувала за својата земја, за различни секојдневни нешта како тоа дека омилениот розов фустан може да ја стави во опасност зашто Талибанците не ги одобруваат силните бои.

Малала знаела дека нејзините дневници се опасни и се плашела дека еден ден ќе дојде некој да ја замолчи засекогаш. Но, била подготвена храбро да се исправи и да „им каже дека она што се обидуваат да го направат е погрешно и дека образованието е наше основно право.“

Во говорот во Харвард таа потенцирала дека малку луѓе се осудувале да проговорат за она што се случувало во нејзиното родно место. „Иако малку луѓе проговорија, гласот за мир и образование беше моќен“ – рекла таа.

Јагланд Торбјорн лично ѝ се обратил на Малала и ја истакнал важноста на нејзината борба. „Твојата храброст испраќа силна порака до жените да застанат во одбрана на своите права, што претставува предуслов за мир“ – рекол тој.

Tags
Малала Јусафзаи

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.